боска ж.

боска (ж.)

И се чини, дамарите на дрвото галопираат кон местото што го допира месото на боските млади.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тогаш некој смок беше ја цицал кравата моја и ја најдов сета со крв на боските. 206
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се скаменил гласот на девојките со боски в раце Што се капеа во реката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За какви злосторства? се прашувале луѓето, За оние по кои не ќе остане за новороденчињата жена со боска, говореле и пак демнеле и ковале нови стапици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Суви ѝ се боските, господе боже, дали од нашиот страв и нејзе и пресушија боските, или некој ја почуди?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како и да е, потиснувајќи ја болката од разделбата со тоа што се трудеше да се убеди дека сето тоа е природно, за разлика од жена му која како мајка ја преживуваше разделбата како доилка што одбила рулче од боска, Гого продолжуваше да слика (зашто ништо друго и не умееше) следејќи го својот темперамент со истиот нагон и снага.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Неизвесност ѝ ги стиска со обете дланки тешките, некако доилски валчести боски, и гори, по бедрата ѝ лазат мравки, жена е што секогаш пред спиење е возбудена.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Детето само го подава устето и ме трга за боска, ме удира, шлиба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се плете пајажината на векот Во проѕирната душа На вселената И ѕвер рика ноќва И плачам ноќва Цицајќи ѕвездено млеко Од боската на Мајка Јас сам Во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Оливера го истргува писмото од меѓу боските и, целата жива вода, му го тутнува в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако забележеше некој момчак работник или подостарен маж како зее во големата цицка на мајка му, за миг ја оставаше големата брадавица и грмнуваше неговиот глас како на возрасен Пуљ си п'тот, пичка ти мајчина, оти!... и пак ја лапнуваше брадавицата и не ја оставаше додека не го исмукаше целото млеко од боската. Понекогаш поминуваше и на другата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Да не може невеста да извади боска надвор, да го нацица детето. Џандарите зркнале како пчишта, лиги им течат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А зборот тежи како боска во глува несоница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Не заѕидувајте ми ги градиве, браќа мои, туку под везенава кошула двете боски оставете ми ги слободни, и секој ден детето носете ми го трипати, в зори, напладне и навечер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одиш по планините, самјачки се задлабочуваш во далечините веќе со години не-тука, не-ти клекнуваш пред јагодите, шумските боски розовата страна на смртта со човечки мирис да ги обросиш пред да се вовреш меѓу сушните лисја пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците и да ја доживееш, глеј, одненадеж уметноста на пелцувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Седам и квачам дури и не знам Дали ќе е ова уште еден Циркус Принтипрам* И дали ќе се испили беден или вреден стих од ова што се мачам доцна во ноќта – ѓупка кога напрегам гради и срцето тихо тупка во оклоп од коски А мојата душа расчленета Ко Лајбницовите Монади Моли: – наслони се стиху на моите мисли ко дете на мајчини боски 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Таа веќе не се храни од боските на пролетта Поезијата го надрасна детското доба
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Свињо ... Поарно прашај ги ѓаурките со оторбешени боски како се виткале под мене на асури од блатишните трски.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога имала Кала една година, то ест, кога се родил Мил, мајка ѝ сакала да ја одбие. Ѝ ставала четка од чевли на боските свртена со влакната кон нејзината уста за да ја боцка - не помагало; ги мачкала грепците со смрдлива трева - не помагало: ги премачкувала со пипер за да ја испали - не помагало: Кала сѐ издржувала и цицала заедно со Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Квичењето се доближува. Ни оној со здрави очи не може да види чија е таа гласна треска: сепак обајцата сакаат да веруваат дека негде наблизу се движи пес, кучка со набабрени боски чии кученца се затворени во вреќа и фрлени в мочуриште.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе