бојкот (м.)
Иако долги години формално е член и редовно плаќа членарина, тој никогаш непосредно и поактивно се нема вклучено во синдикални активности – со исклучок на едно учество во штрајк 60 организиран од СОНК (ја почитуваше одлуката на синдикатот и се солидаризираше со неговите колеги преку „бојкот“ т.е. неизвршување на работните задачи).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сепак, и покрај ова, како и покрај издадената директорска наредба за моментален и безусловен престанок на бојкотот, и покрај вршените притисоци по сите можни линии – работниците издржаа и го продолжија прекинот на работа со целосна блокада на железничкиот (патнички и товарен) сообраќај на територија на целата држава – бидејќи тие, буквално, се наоѓаа во безизлезна состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Не постоеше никакво „движење“ за бојкот или забрана на тие филмови. Тие беа интересни.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)