брада (ж.)

Сал почувствува дека низ брадата му се стркалаа четири капки сок од капини
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Го обли топлина во која за малку не се стопија неговата брада, мустаќите, неговата дебела шапка, па и снежната куќа во која живее со своите прекрасни елени.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога го видоа белобрадестиот патник, тие, Ескимите, голи и боси, како родени од мајка, се накупчија пред санките, а најстариот – со мустачиња и брада од петнаесетина влакна, се исперчи пред сите други: - Ви велев ли катадневно дека еден ден ќе ни дојде небесниот господар, испратен од белото небо?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таа виде, како пред тоа, му трепереа прстите, му се тресеше брадичето, му се разигра мускулот на левиот образ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И кога се „дигна завесата", таа виде селани крај масата, со мустаќи, дури еден двајца беа со бели коси, а попчето, отунато во ретка црна брада и мали остри мустачиња, ни најмалку не личеше на Крстета.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ужасната врска на коренот говори дека не владее поразениот, но дека и победникот и поразениот имаат автобиографија на големи страдања, и секој на свој начин: секој светец има своја карактеристична брада и одежда.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Моите набожни подвизи го натераа татко ми да ме замислува во црна одежда и брада.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја избричи брадичката, на капата си соши петокрака ѕвезда и сега го учи македонскиот јазик.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кадрите на бушавата брада како да пуштале свои корења во земјата - по многу години черупката ништо не ќе ја крене од тоа место и низ глобовите ќе се спровираат диви цвеќиња непознати дотогаш на планинските предели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Главите им се покриени со долги коси и завиткани во бради.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ја фати меко за брада и ѝ се загледа в очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ако си го гледаш окото не си ја гледаш брадата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговите очи запреа на изобличеното лице на човекот без брада.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Земјата меко шушка и се дипли под неговата брада.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И тогаш, јас и вие тоа не сме го виделе, ама го видоа невидливите очи на убавицата од Дардаванија, од преголемиот огин што го испумпуваше од срцето кон образите, мразулестите мустаќи Дедомразови почнаа да се смекнуваат, да се топат истечувајќи низ снежната брада која, исто така, почнала да се топи.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Човекот без брада го испушти парчето леб на подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Значи, сепак, загубениот сум јас! – Се досети Дедо Мраз, па откако раката му помина низ лицето и увиде дека ги нема мустаќите, брадата, побрза да се покрие со шапката, па да праша – Господа, дали нешто видовте на мене?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Повеќе