братство ср.

братство (ср.)

12. Ќе одиме во потера, а командирот ни држи краток политички час: Ќе го ширите братството и единството со сите луѓе, без разлика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Членовите на Братството немаат начин за меѓусебно распознавање и невозможно е кој било член да го знае идентитетот на повеќе од неколкумина други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Можеби гласините за разгранетите подземни заговори се сепак вистина - можеби Братството навистина постои !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веднаш се исклучи можноста некој да поткажал. Владееше свето братство меѓу козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кое литературно братство на светот може да се пофали со вакво антикомунистичко педигре? Треба да се биде горд!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во XV век неговите ученици ќе го реорганизираат братството во верски ред и секој млад јаничар ќе биде воведен во ритуалите на овој ред на Бекташите од навидум муслиманска припадност, но кој се сметал за турскосунитски ерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никогаш нема да дознаете многу повеќе за Братството, освен дека тоа постои и дека вие му припаѓате.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кревкиот соживот повторно прета се градат ѕидови во неколку гета сеуште глумат братство единство а душа им гори за етничко чисто Чувај не Господе од искариоти превртливи души и квази патриоти со устите полни за народ да се сплоти а гз ќе им зине за куфер со банкноти На телевизија невиден смрад будно не следи Големиот брат очајни луѓе, морална криза калаштури штури за анализа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Братството не може да биде уништено затоа што тоа не е организација во вообичаената смисла на зборот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби Братството сепак постои! Можеби девојката е дел од него!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Водачот беше свесен за моќта и за ограничениот век на траење на социјалистичкиот интернационализам, за пролетерските формули за братството и единството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Транзициските херои чии родители во времето на комунизмот душа даваа (а пари земаа) за братство и единство ги презентираа своите капиталистички аута на комунистичка Сталинова.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
43. Православјето – најстарата, најраспространетата и основната религија на сите македонски народности, за сожалување, сосем ја загубило од видот својата главна цел да сее братство меѓу народите, да ги облагородува срцата на верниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Усети таа дека во младите детски души се зародила несвесна љубов, кога виде дека веќе место непријателство се разви вистинско братство меѓу нејзините деца и ова нивно другарче. Не еднаш таа ги виде заедно како си прикажуваат трите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе