брестов (прид.)
Најпосле јастребот го исправи својот лет и се упати кон брестовата шумичка на ридот, носејќи ја во канџите својата жртва.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Сонцето веќе паѓаше над брестовата шумичка. Сенките се издолжија.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Си можел да оградисаш, да се дамлосаш, дрво брестово да се сториш, да согориш, под себе да бидеш, светлина да не видиш, ко јаре да блееш, човечки да немееш.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во испрекинатата ограда од спротивната страна на полето, групите брестови дрвја се нишаа сосем благо на ветрето, а нивните лисја се мрдаа во густа маса, како коси на жени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во нагризената ограда од спротивната страна, брестовите гранки одвај видливо се нишаа на ветрето, а нивното лисје се лелееше благо во густи маси како женска коса.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Низ големата есенска лавина на јаворовото, чинаровото, дабовото и брестовото лисје шушкаа и лепетеа, паѓаа како дожд од костени, удараа од земјата како зимски јаболка, при сеприсутниот мирис на изминатото лето од ветерот што го создаваа со своето итање.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)