бреј изв.
брее несв.

бреј (изв.)

— Ти веќе си решил сете витолишки вдовци да и ожениш, и види — не види, ајде во Рожден по невести. Море, гледај да не те пречекаат негде по Попова Ливада виа вашите аламани и да те оплескаат, бреј!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Огинот гореше меѓу двете колиби, некаде на средината така што можеше чадот да ги брани од комарците и двата влеза. - Бреј, стрвници, како кучиња се нафрлуваат!..
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кој, сака, море, нека умира роб, ама јас немам ниет роб да бида до век! — па го крена гласот повисоко, обрнувајќи му се на татко си и стрика си Кулета: — И да знајте сите: јас нема да му стоа ни на вој пес, Адема, да ме продава како стока, ни на тој ајван, новиот наш бег, да ме купуа како стока. Море, освестете се еднаш, бреј, оти сме луѓе, а не стока да не продаваат и купуваат виа пезевенци, бре!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама чурук жена, мајката брееееј! — Ја заврте главата Ристе и зачека одговор од побратимот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ајде, бреј, побрзо да се напиеме! — викна дедот Пројче и си го крена дваесетпетдрамничето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама лоша кучка беше таа Сукаловата, бреј! Беља си имаше сиромав Стојо со неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Добро беше, кога излегоа по тебе во дворот што му рече нему: „Слушај, бреј, копилјаку мајчин. Зарем ќе продолжиш и од нас да крадеш...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Море смрдење, мајката бреј! Бетер од Турчишчата!“ — си помисли Толе кога си ги бришеше солзите од очите, кои беа му навреле при повраќањето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Други го задеваа дедот Петка: — А бреј, стари вапиру, каде токо и влечкаш виа пуста жени, бре? Колку си излагал и ошче колку ли ќе земиш на душа?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кон ужина пристигна и засилувањето на Бахтијара и со него Велиага од Маково со своите катили, кој од „Бучкур" почна да му вика на Толевиот четник и другар Петка Кормакот од Маково: — Предај се Петко, брееееееј!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете го, си иде на кркање. Ќе пукниш од него, море бреј! Оди, јади, тресни, алабаку еден!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)