брза (несв.)

Ех, што можев да кажам! Мојата идеја се обликуваше и јас брзав напред со заокружувањето на моето дело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И нему не му се брза, се договоривме да се видиме за две недели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Дождот стануваше уште посилен, како да врне пред снег. Брзаа колку што можеа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но студено им е па брзаат дома и ги зафаќаат своите места крај прозорците.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нешто се влечкаше по земја и сите шумови брзаа да стивнат и да се разбегаат од страшното дишење на пустината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ти знаеш дека татко ти е сталожен, сериозен човек и нема да брза со која било да се ожени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Претстави си со твоето брзање да ја дупнеш цевката.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И трчаа низ село брзајќи секој да ги најде своите, па да им каже што се случило.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Коњаникот во часовникот го минуваше својот пат оставајќи зад себе трага на огромна празнина. Не брзаше нигде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не знам дали им се брзаше или беа задоволни од одговорот дека одам на гости. Ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој брзаше да ги завери документите во полицијата, за да може да продолжи со работата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На пешакот изгледа не му се брзаше, та последниот коњаник често се обѕираше и викаше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А отспроти од зад крваво ранетата душа на степата извираше црвениот железен порој И татнеше татнеше во зорите на потопот (И сѐ уште татнеа копитата неуморни иако одамна патот им истече) Брзаше да умреш еднаш или ако е можно повеќепати
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Погледнувам во часовникот и почнувам како да ќе ме обземе паника. Треба да брзам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Потоа кратко разговараше со шоферот на автомобилот кој пак беше многу вознемирен, многу брзаше и сакаше веднаш да им се оддолжи на дамите за немилиот настан со мала парична надокнада.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Рацете му сноваат на трпезата и од тоа брзање му залетнува. Се дави човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе