бројка ж.

бројка (ж.)

Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не можеше да ги следи бројките, но беше свесен дека тие на некој начин се причина за задоволство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бројката нѐ чудеше и занимлива ни изгледаше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Останаа уште триесет и четири запреги, без бегалецот со обетка - еден терач помалку од таа бројка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се насмевна со темна пакост на усните: „Додека чекав да ме пријавите на уважениот началник прочитав неколку решенија на оваа маса. Дивни податоци и дивни бројки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другите три се однесуваа на рутински прашања, иако втората веројатно ќе бара извесна здодевна проверка на колони од бројки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Внатре во станот, еден сочен глас читаше список од бројки што имаа некаква врска со производството на сурово железо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но Зоки почна нестрпливо да ја врти карамелата во рацете, да се вртка, да гледа во мајка си, па сепак не можеше да си спомне која бројка доаѓа по пет.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Почна Зоки да учи да брои. Му покажаа кои се бројките до десет, тој ги повторуваше цел ден и сите помислија дека ги научил.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И мигум сети лозарот од Неготино како обичните луѓе стануваат обични смртници, обична бројка во списокот на умрените.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Па и сега, иако разумот му велеше дека пораката веројатно значи смрт - сепак, тоа не беше она во што веруваше и неразумната надеж опстојуваше, и срцето му биеше, и со тешкотии си го контролираше гласот да не му трепери додека ги мрмореше своите бројки во говорпишувачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Поради тоа теоретичарите мораа да почнат да мислат повеќе во бројки, а помалку во букви и слики.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
За среќа, моменталната работа со која беше ангажиран беше обична рутина, исправање на една долга низа бројки која не бараше големо внимание.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во науката обично се обидуваме ваквите мемории да ги кодираме во бројки, пред сѐ заради компактноста а и за да имаме еден заеднички маштаб во однос на кој би можеле да ги споредуваме различните набљудувања.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Наместо да се бави со сметање човекот почна да врши структурални анализи на космосот од бројки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе