брсти (несв.)
Седам сега стуткана на камионот и гледам во козите што ја брстат шумичката крај патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И на тој збор и јас се загледувам нагоре, низ буките што се мрдаат, како да ги брсти гладна коза.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пред него се велеше спроти сонот и јавето Ама тој прв рече спроти јавето и сонот А после рече сонот против јавето или јавето против сонот И шуќур што јас си живеам на евкалиптус И си брстам ментолни лисја таман колку што треба А ако живеев на секвоја Секако трипати помалку ќе спиев И во долгото јаве ќе морав нешто и да работам Скраја да е секвојата и се гледа богати
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Ги ставив, и да видите - сѐ се стиши околу мене, веќе не ги слушав козите како брстат лисја, не ги слушав цицингарите по блиските угари...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Помеѓу двете зелени утра е нашиот неспокој зборот е таа страшна гасеница што нѐ брсти.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Продолжува да брсти. Прстите му се вешти како на тајландски хирург- шарлатан.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Папците на козата ѝ овозможуваат слободно да застанува на задните нозе и да ја вклешти гранката што ја брсти, а нашите нокти, слични на ќерамида, служат за потпирање на образите при пофини допири...“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На врвот на разлистената крошна Врабецот брсти безброј искуства Јас си брстам една вкусна овошка Врабецот не мисли на снагата трошна Ниту на можните латентни зла Мислам помудар од мене ќе е – блазе нему А тој пак може си вели – оваа ќе е без ум! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Киселицата е уште непотпркната, ама ние чепкаме, бараме, брстиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пак бев со козите, крај река. Тие, завлечени во густите грмја, брстеа, а јас се бањав и ловев мренки под камењата.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А козарите, загледани во ноќниот танц на ѕвездите, охрабрени од земските сокови на последните тревки што ги брстеше козичката, погледнаа кон небото, небаре ги молеа божествата да ја одржат жива храбрата козичка до блесокот на сонцето. ...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козите собираа, брстеа сѐ што ќе најдеа на патот: лисје, вејки, гранчиња, тревки, сѐ што беше и најмалку исполнето со хранливи материи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)