буен (прид.)
Над бујните жита се носеше тенко детско гласче.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во тие бујни побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил, на илјадагодишното страдање на Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ти си наша чест и гордост, песна наша што нѐ крили, ти си полет, радост бујна, вруток што ни дава сили.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Скокна силно и се најде сред бујната зелена трева.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Замавнува со главата и ја фрла наназад бујната коса, го отвора лицето небаре употребуван порцелан.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Белите бујни цветови исчезнаа во студениот снег...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Белите бујни цветови исчезнаа во студениот снег...
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Нивниот бакнеж составуваше бујна срцевидна белина која наликуваше на ангел со раширени крилја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Од левата страна на бујната и пенлива река Вардар е старото скопско Кале.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Живеевме, живееле, живеат со страст на бујна грива Во убоста на утро со кошула распетлана до кожа.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Чекавме да живне реката со своите бујни води, од стопените снегови на планинските врвови и падини, да разлистат врбјаците на бреговите на реката, да ги водиме козите на пасење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гнидите политички го рушеа крстот а потоа правеа невиден прогон се сметаа себеси за посебна врста на градите имаа масонско лого Друштво им правеше куртизанка млада висока стројна ја викале Рада ја стискаа сите за бујната града го калеше стажот во странска амбасада Дојде време за конечна битка и одмазда на тие разбојници зли време за крвава масовна чистка за сите животи што страдаа од нив
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Весело им поминаа детските години, заедно ја израснаа својата бујна младост.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Се плашеа нивното дете да не се најде под копитата на неговиот буен, преубав бел коњ.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Арно ама, секој од нас има бујна и млада невеста, чиишто плеќи и раменици се свикнати на тежок товар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Брадата почна да ја бричи, а неговото тркалесто лице го красеше бујна костенлива коса.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)