бука (ж.)

Тивко ветре завеваше, свирејќи низ голите гранки... откинувајќи ситни праменчиња мов од стеблата на буките...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Му ја стави в уста, а тој влече и гледа во високото небо кое во партали синее меѓу врвовите на буките, часкум губејќи се над густежот на гранките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Скинете од неговиов корен и посадете си го на дланката На неа да изникне мала Сама Бука И нешто како детето во вас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
И додека се грееше на својот оган, што се загнездуваше добро на неговата бука, дури и потплуснувајќи исто онака весело и пријателски, како дома, тој почна и да разговара со својот сосед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја газат тревата цветот мравката изненадена и гинат во темните буки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Суровата пустелија ја пресече шумата од згуснати буки и габери.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Крај една расцепена бука лежи една маска со искршени нозе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се исправи и се дофати за ниските гранки на буката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
14. О однесете го нека спие долго со долг сон и закопана песна во црвеницата на својто мртво око Но не под врба проклета ко војник чемерен и заборавен од секој и не ко мома со жолтица на усните Исправен беше до задниот миг со песна стројна како `рбетот строен ко дрво извишено в лет Спуштете го под бука бушава лисје да падне да го разбуди ветер да вејне да го распее Зашто тој пее слушате ли пее та пее во вас неговата смрт со жал ве храни и надежи нови О однесете го нека спие долго
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Еднаш ќе ги видиме како делкаат дрвени сандали од бука, другпат како го збираат овесот од изметот на коњите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ти паѓа жал за човекот, ама повеќе ти е жал за тебе и го испушташ меѓу буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во коријата најде една дебела кутната сува бука.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се тегнеше, ги полнеше градите со свежина и ги згрташе со својот широк поглед чукарите, буките, ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега веќе и сонцето како да поостина и буките почнаа да мрдаат. Да стануваат повесели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бил фатен од Турците, врзан за некоја бука под Чукарот и избоден со ножеви.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По процепите од буката капеа тешки капки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И на тој збор и јас се загледувам нагоре, низ буките што се мрдаат, како да ги брсти гладна коза.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Збирам душа меѓу буките и го мерам едно дрво. Со очите го мерам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И старата бука го избрка, и ниските грмушки кои често го канеа да се лулее на нивните гранки го избркаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе