буков прид.
буковина ж.

буков (прид.)

Истата вечер, звукот на гајдата го облеа небото, зурлите и тапаните трештеа низ кориите, одбивајќи го својот звук од младите букови стебла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За спомен ја сликаме далнината и околните планини покриени со густа букова шума која пленува со своето зеленило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По пет и осум редови дебели букови и борови трупци долги до десет метри.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Под селцето растат големи столетни дабови, а над селцето се протега голема букова гора.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од последното стебло на буковата шума косо се спушта неголема чука и станува испресечена со ендеци и ретки куси сенки од дивите грмушки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Киро се исправи зад дебелото буково стебло.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Понатаму се простира густа букова шума.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немаа крилја, но имаа силни раце и цврсти рамена за да пренесуваат ранети и да носат на врв рид сандаци со муниција и долги букови трупци за градење бункери и силни дланки за држење лопати и казми за да копаат ровови и од таму, од врвовите, гледајќи во далнината им се чинеше дека ќе ги здогледаат своите чеда.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Затоа и трите букови стебла биле највисоки во шумата на која никој немал тапија, ни везир ни валија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навлегоа длабоко во гората... Под нозете им шумеа сувите букови лисја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Стрмолокот од оваа страна над патот беше густо обраснат со букова шума.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Селаните одамна пожнаа, овршија и го прибраа житцето во амбарите, направени од букови делкани штици.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кадијата нареди да се бијат главните луѓе до смрт за непослушност и овие веќе пискаа, стенкаа, офкаа и пцуеја под ударите на дабовите и буковите суровици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеше само уште да ги гледа сите оние букови трупци, наредени во карма до тезговиот, готови да го заземат местото на оној пред бичкијата, како и целата таа просторија да имаше стеганати вилици како него, застанат во нејзината средина, уште еден ненужен дел, отповеќен дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од едно дрвено коритце, шуртеше бистра водичка и паѓаше во големо, долго корито, издлабено во дебел буков трупец.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Трајче ги мина селските ниви и навлезе во буковата корија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Преку поточето, низ буковата корија, се качуваше тесна патека, лазејќи кон ридот, кој се викаше Гола Глава, префрлувајќи ја височината преку еден превал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кутнатите букови стебла од околните шуми, долги и по неколку метри, на рамо по стрмната угорнина ги носеа мажи и жени во одминати години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трајче слезе од него, му го врза огламникот околу вратот, го префрли торбичето преку рамо, го зеде секирчето и навлезе во буковата корија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе