булка (ж.)
Трепериш како булка на мајско ветре се тетеравиш од годините врз плеќи молчиш како икона нацртана од крвој се виориш како барјак исткаен од светлина
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Утрински булки Каде одам во утрото на мојата пролет?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Во падините црвени булки се лулаат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се родивме крај нашата река во мирисот на земја и трева испотени од топлата утроба на преблаги црвени булки.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Луѓето (и ова го има забележано неговата рака) смеат да горат како полски булки секогаш кога ќе им се приближи убавината. (Не е грев пофалбата на возбудата да го користи повторувањето за да може да се доживува до последен здив).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мислев твоите дождови ме измиваат но овде и тие погубни булки родилки, како мајка сина си ми го отфрлаат телото.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Планинава сѐ уште измислува нови снегови Кога ќе оддели миг за умореното лето што лежи на падинава оковано со булки?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Една прекрасна полска црвена булка ѝ падна на книгата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Како булка в мајско поле, како сончев зрак што грее, така милно, така вишно родно знаме шуми, вее.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И, гледам: влечки, ’ко во турска серија свртени кон мене, стапалки од шарена хартија, кои ми го покажуваат патот до дневната, до масичката, а на неа, бидермаер од булка и ѕвончиња во чаша за ракија, компјутер со отворен ФБ на мојата страна и чај од нане! Цел свет е мој!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Вчера ја закопавме мајка ми и ги откопавме заедничките спомени: вареното млеко без кајмак и со многу шеќер, врелиот сутлијаш посолен со цимет, букетите црвени булки на првомајските излети, облогите на детското чело и гради кои го цицаа огнот, па предупредувањата дека во секоја вода има аждер пред да тргнеме на риба на реката или на капење во градскиот базен, нежните галежи кога од некого ќе добиевме завратница за спомен и долго сеќавање...
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Насекаде цветни булки и актери за нови војни на летата јужни.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Неговиот поглед скита по бавчата и запира врз булката на половина метар од него – не во букет, црвени како во градината, туку издвоен, само еден лилав цвет на афионот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Косите ни растеа и се преплетуваа една во друга. Се родивме од булки.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Овде булките имаат водени листови ко неистечни мориња да ме поклопат, да ме потопат, во топлата си плава долина.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
После Отец Симеон без причина се сети на сноп црвени булки, синчеци, качунки, јаглики.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
2. Точка збор, вулкан, булка - Во сонот и сонувањето, Во радоста и тагувањето, Јатка во матката, лулка Од небесно ветре лулеана, Песна уште незапеана, Дом и пристан, монистра Од ѓерданот, бемка на вратот.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Но таквиот, неблагодарен слушател, за вратка брзо ќе си чуе дека е бујца, односно овци со булка над челото, најглупава што може да биде, која од ништо не се одбира, безмалку и брлива, и која се двои од стадото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога ќе дојдеш ќе ти кажам дека ноќва твоите ноти ми спиеја низ трепките, неотворени мастилни булки обвиткани во свилени парчиња лушпи. Мокри.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)