бутуриса (св.)
И еда, зедов јас да пијам. Пијам и ги стегам забиве, како некое бутурисано коњиште.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
ЛУКОВ: (Им се доближува. Со едно грубо движење, ја откинува Неда од Ивана и ја бутурисува кон кујната.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Може тој, како што беше налутен и ошумоглавен од виното ќе отепаше некого, но само го бутуриса Хаџи Ташку од патот и заедно со другите потковичани си отиде од меаната.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)