вака (прил.)

Како не сме го виделе ова, да не оди вака пусто?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни застанаа вака, од страните, и нѐ држат на око, што се вели, како да нѐ носат спровод.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се џарам вака преку луѓето, барам место и јас некаде да се доберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си велам вака: „Ќе киднеш штом ќе се раздени...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Никогаш ракава вака не ми се тресела.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прави што ќе правиш, вака повеќе не се живее“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
си ја сонувам свадбата своја на бродот, над мене крикаат галебите и ме удираат со клунот и со крилјата, ми го туркаат венчето и ми го дрпаат превезот, ќе удрат во мене, па ќе удрат со мевот во морето, ќе се лизнат, замрешкувајќи ја водата со ноктите, јас се бранам вака, со двете раце се бранам, а Горачинов си ги прекрстил рацете на градите и од место не се помрднува, што се вели, се загледал некаде, гледаат и морнарите, что такое, что такое, велат, они праветрение, извеани, изветреани нѐ прават, оти не си до мене, му велам на Горачинов,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се појави - духот на нашата нација Вака ни раскажуваа старите Приказни за победата над варварите Приказни за животот на овчарите Приказни за моќта на парите Разни други градации Констатации Провокации За еден живот минат во стагнации
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А сите тие приказни почнуваат вака: “Во старо време живеел...“ или пак “Бил некој старец...“ а најчесто “Било едно дете... “
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
На времето седевме вака заедно на балконот во родниот дом. Дење зјапавме во минувачките на улицата и како постар ѓоа те подучував како се ловат убавици како пеперутки во везден фрлените машки љубовни мрежи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Титулата на цар Душан се објаснува вака: тој признава на Балканскиот Полуостров две словенски држави: Бугарија и Србија и една несловенска – Византија; Србија со завојувањето на византиски земји сака да ја наследи Византија, но со тоа зема земји што можат да бидат и српски и бугарски и коишто не се бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога вака ќе се стрелнеше ѕвезда по небото баба му велеше дека умира некој човек.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ти го тврдеше тоа или само се поигруваше со своето знаење за да ме спасиш од гилотината и тоа со единствена цел да можеш сега вака да ме навредуваш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Беше сме застанале вака пред излогот и си ги гледаме главите во него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае дали на сите вака им иде кога ќе се сретнат со смртта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се алкам вака надолу да видам дали ми стои покрај другата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш само вака со очите ќе прашаш и така ќе се разбереш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вака може и да ја спасиме барем твојата та мојата иако отиде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не му кажувам дека и јас вака сум викала по него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе