ваков прид.

ваков (прид.)

Не сум знаела дека ваков какол имало и меѓу луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеше да се прочитаат и вакви плакати: „Да живее козата на соседот”, „Со козите во нови работни победи”, „Смрт на козите, слобода на народот”...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вакви ведри очи има таа и ситно бело лице.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Колку би сакал да имам ваков другар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во бележникот на поетот ваквите случувања ја носат етикетата срамни трошки од трпезата на животот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со денови се носеа низ ресенските дуќани, куќи и фурни вакви и слични муабети.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој отпрвин бил изненаден од ваквиот нејзин однос.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А кога ја заврши тирадата мене ми се обеси на вратот и им довикна на неканетите туѓинци во нивниот извештај да натокмат дека ваков акт на интимност не водела таа само со еден туку со двајца.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Негово е она согледување дека едноличноста на грдото ги зазема најубавите места во нашите спомени иако не сум спремен да ги прифатам начините што тој ги предлага за да се надвладеат ваквите состојби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Просто, му се раздроби и ќе му препукнеше до колку не праша: - Целиот бел север го испросанкав, многу видов и превидов, ама ваков панаѓур, волку убав свет, не сум видел ни насоне.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Но, јас немам гости. – Возврати џвакајќи – Никогаш не сум била толку гостољубива за да ми дојдат гости на кои ќе можам да им призачувам од вакви слатки, преслатки работи!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ај мајката, си велам и ги гледам вакви парталави, со нечисти чевли, немиени, небричени, прости... Кај да ги носам таму. Јок ќе направат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Завчера сестра ми ја закопавме со мака. Гробарите ги фрлаа лопатите и зборуваа налутено дека ваков дожд никогаш не се паметело досега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Татко, сигурно, и во своите најпесимистички варијанти, не можел да си претпостави ваков заплет и расплет на балканските историски настани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ваквите недоразбирања ги поврзувам со различноста на сликите што ги носиме во нашите ковчези на сеќавањето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И самите можете да си замислите како изгледал кога му дошол до ушите ваков глас.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И дури се простуваме ми текна дека за ваква слава треба да има и деца.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не сакам ваквата негова предност да му ја одземам но јас навистина не би можел да го следам во неговите чувствени акробации. Затоа и сакам да го приземјам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко ми, по овие зборови, ја оттргна мислата од книгата, ги спушти очилата и присобра сили да ја смири мајка ми, која не се сеќаваше кога ја видел во ваква расположба, па рече: – За утре ми ветија вреќа брашно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Повеќе