валка (несв.)
„На глупости си ја валкаш фантазијата“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
3 Ветерот се врати тих и уморен на вратот со шарени летала по морето се валкаат русите глави на луѓето што треба да пристигнат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Го испушти и долго се валкаа во мекиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не ме остава да си ги валкам рацете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Но, овие мисли бегаат додека пак не се седне крај воланот и сѐ дотогаш додека тркалата не почнат да се валкаат повторно по германските автостради.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Не валкај му го името на мртвиот брат, му се фрлив тогаш јас.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Изгледа дека се спокојни само децата кои , по дебелиот снежен килим на софиските улици и паркови, без прекин се санкаат, се валкаат, прават снежни топки и со нив фрлаат по своите врсници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И секако им беше чудно што олкав голем човек се валка среде улица.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Цел живот ја протињам раката низ газ од кокошка, ја фаќам за клунот и ѝ го извлекувам клунот низ газ. Се валкаат рацете тука.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски, та почнаа по ледината да се борат и валкаат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како ли ќе одвикнеме од тоа и како ли ќе му се вратиме на ралото, на чеканот, мистријата... на тишината, на топлината под топло веленце и на меракот, а мерак е и тоа - да знаеш да гледаш и ѕвезди да броиш и во сено да се прпелкаш и меѓу снопје да се валкаш, на момина коса да погледнеш и длабоко да здивнеш - воздивнеш и да се радуваш - изнарадуваш затоа што си жив...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На тревата се валкаа младичи и девојки, не забележувајќи нѐ.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога ја отши бовчата, излезе моето исткаено платно кое го замотала за да не се валка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
И во тие книги заемно се плукаат, се валкаат, се клеветат, тврдејќи дека сите се криви освен нив и дека ако другите би правеле така, како што тој мисли сега, победата ќе била наша.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Речиси сите списи од креденците и полиците се валкаа по паркетот а одвреме-навреме, на вратата од кабинетот на директорот или дури таму негде кај прозорецот низ кој пред малку беше влезен Величковски ќе се појавеше некое од божемните привиденија и со отсечен глас ќе објавеше дека во Секретаријатот сѐ е чисто, или, дека во Архивата ниту еден лист не е веќе на своето место.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Знаеш дека баба ти не сака да ѝ се валка!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)