валог (м.)
Сигурно и дедо Иван го следел волчешкото завивање, сигурно стрепи за осаменото момче во Гогов Валог, па немајќи можност на друг начин да му помогне, се огласува и ги застрашува волците со пукање.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сонцето веќе се стркала над Чукарот, високиот гол врв од западната страна на Гогов Валог, а старецот и Бојан уште беа на ливадите. Косеа и ја превртуваа тревата да се суши.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На јужната страна на валогот, таму каде што поточето веќе навлегуваше во Рамните Ливади, во папратот што пред десетина години го разорале за да садат компири, откриле траги од некаква стара населба.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Над Гогов Валог прелетуваа жерави. Каде? Кон север или кон југ?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во планинава, во Гогов Валог доаѓа девојче! Градско, по градски облечено, на градски живот научено!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Крикот се засили. Доаѓаше од височините, од снегот, од кон северната страна на Глогов Валог.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Да имаме апарат, - рече по кратко молчење Бојан - Да го сликаш цвеќето ли? - Не. Гогов Валог да го сликам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)