варвар (м.)

Се појави - духот на нашата нација Вака ни раскажуваа старите Приказни за победата над варварите Приказни за животот на овчарите Приказни за моќта на парите Разни други градации Констатации Провокации За еден живот минат во стагнации
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кревок е светот во кој принцезите им го продаваме на варварите за по две години мир.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мермерната мастилница со две црни очи беше варварска маска за туѓинските обреди.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Опустошувањата што ги правеа нашите предедовци во Византија беа такви факти за кои не можеше да се молчи; а заедно со прикажувањето за опустошувањата се прикажуваше и за опустошувачите, спрема кои Византијците се однесуваа со гордост и презир, како спрема варвари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Која ли рака, кажи ми, ќе може да ја позапре која ли сила варварска ќе може да ја изгаси?
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Мозаиците, мермерните столбови и колонади станале жртва на варварските постапки на поробувачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поза Додека месечината од мракот парампарче прави во нас несвесното е распослано како освојувачот пред Рим кајшто сите патишта водат тој што во тебе бара сличности со историски ликови фрески соѕвездија твој домородец е варварин биди испади го биди на оваа гозба нема ни мудрости ни шлаканици ќе се сликаме голи и гладни додека ги јадеме животот и лебот на љубовта и за твојот и за нивниот мирен сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во Царството што се распаѓаше пред силните наезди на фанатизираните варвари и бедната дволичност на бесрамните политичари, патрицијот, вели правдољубивиот историчар, постојано се напојуваше со чистиот свет на идеите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Како што во деветнаесеттиот век беше тешко да се предочи какви можат да бидат нештата без приватна сопственост, во осумнаесеттиот и раниот деветнаесетти век беше релативно лесно да се предочи еден свет без робови и ропството да се смета само како остаток од варварското доба - морално неподнослив за нашироко прифатените интуиции.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Татко ми нашироко го дообјасни зборот – автохтони, па продолжи: – Во една германска книга пишува дека козата се појавила во Европа во времето на варварските инвазии.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но тоа име во очите и устата на Грците имаше уште специјално значење: најомразени за нив варвари, луѓе необразовани, груби, коишто граничат со ѕверовите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ти си еден варварин. Си им го украл јазикот, а си им ја запустил учтивоста на Французите...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дека панславизмот е едно смешно антиисториско движење И дека негова цел е подјармување на цивилизираниот Запад Од странот на варварскиот Исток и на градот од селската рамница Оттогаш наваму се разгрануваат разни врсти антисловенство Од кои некои предизвикуваат и војни со многу жртви И не е многу важно дали антисловенството е лево или десно Многу поважно е што историјата на антисловенството не е завршена
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Византијците зборуваа само за опасните за нив варвари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како што велеа мажите што биле таму, даскалот онака горделив, излегол надвор и почнал да му се дере на стопанот: - Како, бре керата, незнамитис ниеден, ти му дозволуваш на син ти да го зборува тој гнасен и варварски словенски јазик?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сите „варвари” што иделе ваму на Балканот, преку море, преку реки, копно имале моќна воена организација. Биле освојувачи на големи простори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Колку еден варварски, т.е. негрчки народ беше пострашен за нивната држава, толку повеќе омразата кон него беше поголема и толку неговото име добиваше подолно, попрезриво значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Можам да ја замислам возбудливоста на тоа време, но мислам дека Ренесансата, оставајќи ги нештата надвор од сликата, го игнорира оној дел од нашата психа, којшто е малку нечист и варварски.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Филозофот Волтер во своите познати тиради грмеше: да се истераат од Европа тие варварски узурпатори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе