варен прид.

варен (прид.)

Меѓу два залака варена пченка тренираме продолжен запир на здивот и дури утре ќе забележиме дека сме испокасани од невидливи мушички.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Во време на глад и војни, кога била големата светска економска криза, јадеа леб месен од брашно со варени компири, кој им бил многу вкусен...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ходникот баздеше на варена зелка и на стари простирки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Скокна младиот артист, а мастиката му се одлеа од чашката додека цигарата ја изгасна не во пепелницата туку во пјатото со варените јајца исечкани на тркалца и посолени со црн бибер во капка зејтин.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И кога ѝ никнуваа заби нанижавме на конец варена пченица и конецот го обесивме на едно дрво.„Како што раѓа лесно дрвово, така со лесно да му никнат запчињата на девојчево.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тука се чувствуваше вообичаениот мирис на варена зелка, заеднички за целата зграда, но беше некако пресечен од едно уште поостро испарување на пот кое - човек го знаеше тоа штом ќе го почувствуваше, иако беше тешко да се каже како - му припаѓале на некое лице што не е присутно во моментот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Освен една казарница за варење ракија, покрај реката не се чуваше ништо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Има два вида бакрданик, варен и вртен. Варениот се припрема на брза рака; откако ќе зоврие водата во котелот, во која пред тоа има турено сол и неколку дрвени лајци сало, полека се сипа царевно брашно и со сукало постојано се врти, затоа и се вика вртен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во ноќта спроти коледе сега покрај кладите од огревно дрво се распламтуваат желбите на ороводците и играорците, со топла ракија и варено вино се подгреваат стари неверства и нови мераци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Векот време седевме и си зборувавме за бакрданик, за палеж, за варена тиква. Кому што му се јаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Радо се одѕваа на тој знак, бидејќи им јавуваше дека се веќе варени компирите што дедо Иван редовно ги сервираше и над кои течеше нивниот разговор често и до доцна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Зашто некои работи остануваат запаметени и за по смртта, рече Дуко Вендија, и зашто староста го расчинува човекот и затоа никој не ја сака, рече и зеде варена пченица од жените коишто раздаваа за душа. За испустената душа од Велика Мегленоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пливам по снегот, а нешто ми примирисува на диња, на кајсија, на варено овошје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јован ја понесе со себе, за последен пат, миризбата на пресно варено млеко, која испаруваше од нејзините пори, кога се гушнаа... ја остави со осум деца, иако тоа не е машки, по патот одјава кон планините... ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Не се работи за навика, нането чисти, таа мерудија каде што ќе помине, низ устата, стомакот, цревата, сето она што во текот на ноќта не работело, нането и солта го активираат, чистејки ги органите за варење, а пак лебот ги впива сите наталожени отрови. – веднаш имаше одговор баба ми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги извади со машата варените компири, редејќи ги во земјена паница.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе