верно (прил.)

Кој најверно го разбрал вистинскиот и најправиот народен идеал се гледа со порамнувањето на разбирањето на народниот идеал од разни лица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А и како да ги гибаат кога козите во сите војни не ги изневеруваа ни победниците, ни поразените. На сите верно им служеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И тој верно и предано му служеше на господарот, без обѕир на тоа што Велика спиеше со него на двете недели еднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Божја работа се и војниве и болестиве, вели, а наше е да трпиме и неговите казни да ги поднесуваме послушно и понизно, како негово верно стадо.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ројот од зрна го одвеа матицата на времето но каменот стои верно врз своите коски и чека на враќањето на митот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Како да стрелаа по неа. И како јас да ѝ бев сенка што ја следи верно до самата смрт.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Зелениот здравец и горските цвеќа што дење и ноќе ве следеа верно, по смртта ви дарат пак чудесна среќа над вашите гробја наведени смерно.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Додека чекоревме крај кристално чистата река која излегуваше од Езерото, како верно чедо кое го продолжуваше својот пат кон бескрајот, кон морето, во Татковата свест, среќен што Мајка му го спасила ракописот, се всади мислата што постојано ги опседнува емигрантите меѓу заминувањето и враќањето, меѓу заминувањето и останувањето во туѓина. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тука се во право само доколку нивната остроумност верно ја претставува и остроумноста на толпата; но кога лукавоста на престапникот видно се разликува од нивната, се разбира дека ќе бидат изиграни.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И видов дека сѐ што се кажуваше за одајата во описот од ливчињата на отец Мида, верно било, оти видов: одаја пространа, темна сосем, со среде на неа, што среде на светот беше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние верно го следиме текот на светската историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Верно е дека се погодивме до есен да биде готова, но излегоа триста непредвидени работи, а сѐ треба да се сврши како што му е ред. Та газдинска куќа ѕидаме...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја гледам во очи и не ми е верно, знам и самата за своите деца да бидам бескрајно необјективна, ама до толку!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој грев е гревот што го чувствува поради старите чевли што верно го служеле, а тој, по долго колебање, ги оставил во туѓина, затоа што си купил нови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сказанијата измислици се, за разлика од собитијата, кои верно се случиле и верно треба да се преподадат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во тие белешки беше сѐ верно и тој не можеше на никого да му замерува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нејзината рака верно другарува со хартијата, пеејќи за родната Македонија, за Европа, за храброста и смртта на македонските херои, за кошмарот и агонијата на душевната болка, за Колумбо, за силата на љубовта, за верата христијанска ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Едното значење беше дека не се верни оние зборови што ги изговори тој во стравот, а дека е верно оти нив ги сврзува најчиста љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ЉУБА: Кога денес тој дотрча со фалшив изглед на верно куче и ми раскажа, пред очите ми пламна буквално сѐ, целиот мој живот, и, како хартија, изгоре.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе