ветерче (ср.)
Ветерчето тажно зашумоли низ гранките Паднаа првите капки од дождот, по моите нежни образи.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Само напати ќе дувне некое ветерче ќе одлета некоја чавка, ќе испишти некоја сојка и ќе ги истресе капките од голите гранки на дрвото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некое топло ветерче иди оздола, откај морето и само ја задева.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И сѐ беше во некакво движење; говедата се митареа, чешајќи се по дрвјата, младото ветерче скришно се задеваше со овошките и овошките крцкаа, занишани и од цут, од пеперуги и од пчели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Преку нивните гради мируваа наредените фишеци во коланите, јатаганите висеа на колковите, а широките флоки и долгите пискули на фесовите се вееја на утринското ветерче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
За такциратот на соседите од Белоперевци, дувна едно ветерче откаде Смечот, та искрите од запалените сосови ги потфатија и блиските копи и кошари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ја гледа долго Богдан таа заемна игра на ветерчето, хризантемата и водата.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
- Убав ден. Ни облаче, ни ветерче. Да им се позлати српот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Штом едната свеќа ќе им догореше, од неа палеа друга, дотуриваа масло во масалчињата да не згаснат, во кандилата, и одеа по патот пеш или качени на коњи или магариња, или со чунови по езерото, штитејќи го од ветерчето светлото да не им згасне.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)