ветрец (м.)
Од морето не престануваше ветрецот да ја носи морската мирислива свежина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Построена на полјанката пред логорот, околу висок јарбол, бригадата му оддаваше почест на знамето се развеа понесено од лесниот утрински ветрец.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Капата накриво, црната коса развеана, две копчиња од кошулата откопчани, ветрецот ги фрла настрана полите од војничката блуза и под кошулата, во ритамот на чекорот, потскокнуваат јадрите момински гради.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Девојчињата седеа дома, а пред портите на куќите излегуваа само постарите Еврејки и во топлите летни ноќи, додека ветрецот го носи мирисот на Дунав, џагорот на бродарите и јазици допловени од далечини, пееја романси донесени речиси пред пет века од Шпанија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И пак: Во Жешов раскошно расцутеа дрвјата, а ветрецот расејува снег од латици низ просторот, поигрувајќи си со нив, а потоа оставајќи ги да паѓаат по крововите, по жирадоата, елегантните женски шапки на минувачите, по јармулките и црните рабински капи со широка периферија, на рамениците од старците што на пријатната пролетна сончевина забораваат на својата возраст и живо дискутираат на својата пролетна променада, во очите на госпоѓиците, и во нејзината душа која е смирена и иполнета кога е во тој питом предел за кој не може да престане да го мечтае и сонува...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тешкиот мирис на крв, гној и хлороформ, без престан го раздувува ветрецот што дува од кај ливадите на Долна Арена и со себе го влечат двете рекички што се сретнуваат на крајот од котлинката.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тих ветрец вее - низ стрмни странки, се буди гора, - шушкаат гранки, - асики танки...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Долгиот опаш на ветрецот сѐ уште се влече меѓу старците, тие сега дишат некако послободно, без шушкање.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)