вечерва прил.
вечер ж.

вечерва (прил.)

Ќе бидам вечерва обично физичко тело. Со непознат волумен.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
А јас сакав да живеам, да го слушам пулсот на животот. вечерва сум пијан, ми рече еднаш.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Јас вечерва сум за последен пат тука.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Вечерва тој на своето мало сестриче ќе му раскажува за убавото, малечко зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го сретнав вечерва во твоите мисли.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа не знаеше дека тој вечерва воопшто не ја гледал како Јанте, дека за сето време седел долу во бифето на театарот и станал дури кога загрмеле ракоплескањата на крајот од претставата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А тоа му даде надеж, тоа го повлече да помисли дека неговите веќе тргнале од селото и дека можеби уште вечерва ќе дојдат на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Сѐ ми се закачува вечерва.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Нека ме испцуе, ако сака и нека ме избрка, вечерва има да се реши ќе станам ли мајстор или не.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Онаа бесмртната, што јас и ти само ја чувствуваме вечерва.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Разволнуван до солзи, дајреџијата сакаше, пред да станат и да се разотидат, да им покаже сега на овие големци дека не му е вечерва нему до пиењето, ни до парите... туку до честа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зад аголот Ќе ги оставам вечерва емоциите во спалната соба.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Зар тој што имаше толку исушени откоси зад себе, за кого кружеа гласини дека е женски срцекршач, вечерва уште на втората средба прифаќа да биде понизен слуга и роб.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Суетата, онаа несовладлива женска суета, диво ја гони и Данче не знае за граница и мерка... Вечерва повеќе од секој друг пат...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се стемнуваше. Вечерва прислужникот не го донесе фенерот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе