вжарен прид.

вжарен (прид.)

Неговиот брод паднал на Сонцето. А Сонцето е големо и вжарено и немилосрдно, секогаш е на небото и не можете да му се измолкнете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Изутрина рано го видов најпрвиот зрак на сонцето, црвен како вжарена игла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Веднаш до неа се појави Дине Бочаровски со својата жена и дечињата, се смести на сламарицата и веќе не одеше во ковачницата да дува во вигната и да ги удира вжарените железа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вжарен, па испотен камен – тоа е историјата: севезден да ги оплакуваш мртвите и пљачкосаното царство, да гледаш како царството станува вазалство, севезден на штрек да пречекуваш нови освојувачи кои по цели ноќи на месечина низ шепотот испуштаат уплав за оние кои не знаат дека на Инките убаво им стои да се вазали на сонцето, а уште поубаво им стои да се измеќари во Храмот на сонцето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Кога лежеше сам, напнат од несоница и загледан во вжарениот врв од цигарата, не ѝ веруваше, патеше, можеби не зашто не можеше без неа и не зашто можеше да ја засака повеќе од првата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас и ти, вистинско време за страст, од жештината ни се лепат усните и после допирите се чувствуваат капки пот по вжарените тела, а импресионистичкото менување на светлината ги открива нашите интимни тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не се беше родил тој што ќе ја издржеше силата на нејзиниот вжарен поглед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чавката скокна и нервозно леткаше како некој да ја жегнал со вжарена гламја. – Ако нешто ти треба, мораш однапред да ми кажеш!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
7.5 Остана вжарен белег од тој здив Расцветана рана на кожата однатре Како последен поздрав од Мајка Која никогаш веќе не ја видов.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И додека полека се отвора ризницата на портокалите исечени врз сртот на планината и додека го вадиме првото неочекувано ковче од мекото месо од телото на рибата, сега веќе во нашето тело едно ненамерно - намерно подбуцнување со зелено стапче мало ситно ништожно, го буцка нежното тело на вжарениот трупец и тој од покос се отвора пред нас со величествената светлина и топлина од неговата утроба, паѓа.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Можеби ако се качеше на малото чардаче пред плевната и ако ѕиркаше кон коријата, ќе видеше нешто, ќе видеше десетина рала вжарени очи, но сепак, среќа негова што го фати страв, па не се решаваше да се оддалечи, среќа негова што не ги виде, инаку можеше сосем да му се потчини на стравот, па да изгуби моќ, за здраво размислување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не знаеше и не се бореше да за не сонува ли или повторно доживува или сега за прв пат влегува во оној настан што можеби еднаш го дожевеал само како мисла, како колебливост, како туѓ настан, што расне во ассоцијации на сетилата-од линија или звук или мирис, или се заедно, и стои како недогледен пламенен столб збуцан во темнината. Како вжарен нож.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Имаше зимски ноќи кога се будеше со порцелан во коските, со студени ѕвончиња што му ѕунеа крај ушите, со ледени прободи во нервите како сива светлина од студени огномети што експлодираат, распрснувајќи се во вжарени снежинки над пустото тло, длабоко во неговата потсвест.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тогаш, меѓутоа, јас не знаев да ја читам азбуката на телото, иако во некои нејасни претстави нејзиното тело го споредував со вжарен запис од некое непознато писмо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Перверзно вжарени боски на едно место возбудлива комбинација на црвено со зелено во најразлични нијанси кои ни име немаат, ама постојат гледај! и одблесоци од сонце вжештен зрак и инстинктивен страв пред вишокот              Господи.  Грешен зачеток: моќта на јазикот Јазикот е створен од фигури - живи и мртви.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Круме беше вжарен, со широко отворени очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И потем се претворија во клопче од букви, а во средината на клопчето стоеше, вжарена буквата „Ж“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бил страшен, влакнест, со рогови, со очи вжарени како оган сулфурен од пеколот, како вжарен течен песок, со шилеста опашка, расклештен во устата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе