вжештен (прид.)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Утре ќе го напишам твојот лик во вжештена смола, меѓу ороспии и крадловци, меѓу безделници и никаквеци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Заодот на сонцето остави вжештен црвен вресок на небото и оѕверен одблесок врз површината на езерската шир.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Гледав во тоа искуство што сега беше огромно зажарено брдо, планината што ја испушташе вжештената топлина наоколу, а сите само се оддалечуваа од таа топлина која освојуваше сѐ повеќе и повеќе.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Наеднаш, една пчела налетува на него и го каснува во ушето; скока исплашен, се фаќа за ушната школка, го вади осилото, трчка кон вирчето во градината, го натопува шамичето со вода и го става на вжештеното уше да ја ублажи болката.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Меѓу вжештените извици, Ева балансираше како златокос палјачо со модри очи – од молчаливото насмеано кукле ќе се расприкажеше разгалената сестричка, а пак од оваа ќе проговореше некое стармало суштество во детско обличје.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со една рака веслаше тој, а со друга Царјанка; кога ќе се изгубеа далеку од брегот, ги оставаа веслата и се впиваа еден во друг; тивкото ветерче им павкаше по голите тела, им минуваше по вжештената кожа како да ги лиже; чунот поигруваше, се нишаше, шлапкаа ситните бранчиња по него како по голи бутини.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тоа што мене ми се случи се случува поретко отколку кога еден цел град митолошки ќе нестане под вжештена лава.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега го гледаше овој друг лекар, а краевите на усните му се виткаа како врвови на вжештени игли.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Очите ги тргаа од езерото кое блескаше како вжештен метал.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тивко како божество, што сонливо се наднело над пределите на Франција, таа нежна ленена опна, таа бујна вреќа со вжештен воздух лесно би можела да се откине и ослободи.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Рацете го допираа вжештеното јаже, светлото платно, нишките на шевовите, зажарени од летното сонце.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Пушките, вжештени од огнот на оловото и од пекот на августовското сонце, гореа во рацете.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Отпрвин само му потврдуваше со главата, потоа почна да се уфрла со по некое „да“, „така е“, „и јас го мислам истото“, а кога овој мина на проблемот на дружењето, вжештено се втурна во монологот: - Каде да најдеш искреност!
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
На бела постела, црвени траги, лажно иницираат... вжештено пријателство, со избришани емоции... и сенз...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Стариот Тиријц, чија жед по жена и во стотата била подеднаква на онаа кај вжештениот младич, јаделе месо (секако вкусно зачинето) токму од таков змиски мажјак, отепан во момент на најжестока јарост.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Амбасадорите на земјите од социјалистичката заедница, односно Варшавскиот пакт, дејствуваа како едно хомогено тело во кое секој амбасадор без оглед која земја ја претставуваше имаше посебна функција, во согласност со стратегиските цели на заедницата, без оглед на вжештените односи меѓу земјите на лагерот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во вжештена атмосфера од пцости ме повикуваш... во кањонот пред челичната врата од спротивната страна на животот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Го запре вжештениот коњ и се стрча кон неа. Ја прегрна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)