виеж (м.)
Расте, се згустува мрачнината со секој изречен збор, со секоја издишана издишка и во неа го чувствувам виежот на болката и осамата и стегањето на чемерот насобран ко грутка и тврд како кремен, чинам, го чувствувам во мојата сурова дланка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Човекот со него ја вдишува убавината на пролетното чудо и глувиот виеж на нејзината тага.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се туркаа, викаа и се надвикуваа, за спас се фрлаа во подивените и разулавени води над кои секои неколку минути долетуваа авионите кои во низок лет и заглушувачки виеж митралираа, фрлаа бомби и ракети и веднаш зад нив долетуваа други и со некои бомби што ширеа и дигаа многу пламен, ги доубиваа, ги гореа испопелуваа и мртвите и сѐ уште живите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кучињата ни лаеж беа пуштиле, ни виеж полноќен.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Цевката пее со мрзелив глас. Ние го слушаме виежот на цевките.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Кога мракот со сета своја моќ ја поклопи долината, не успевајќи докрај да ја зацрни снежната белина, некаде од северната страна, откај Чукарот, се извиши зловештиот, стравотен виеж.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И додека така седеше, увото, навикнато да ги фаќа и најлесните шумови што ги раѓаше белата снежна тишина, дофати далечен виеж.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Само, понекогаш, на полноќ го слушаат виежот на кучињата и се ежавеа од страв, дури во сонот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Наеднаш, некаде сосем близу до колибата, од горната страна, чу уште еден виеж.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
„Можеби ќе ме одминат и вечерва“ - си помисли, сеќавајќи се на онаа ноќ кога волците се јавија со својот виеж откај Гола Глава, а потоа се изгубија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се чини дека топлината ги маќепса сите и во тишината што настана, сал некои, молчејќи, го слушаат виежот на молкот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не смееше да одговори, не сакаше со тоа да ги плаши волците, кои очигледно, со својот далечен виеж ја најавија ноќешната посета.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)