вие (зам.)
- Вие не носите крст? - ме прашува познаничката. - Не - велам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Заедно ја делевме судбината, ние живеевме со козите, како што би рекле вие, „бескласно”.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јас сум задолжен да ги пропуштам оние со покана. А вие, забележувам, таква хартијка поседувате“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но Македонците ги успокојуваа Бугарите: Чекајте вие, нека ни дадат нам автономија, па ќе видите оти по неколку години таа Македонија ќе биде бугарска, зашто повеќето од македонската интелигенција го доби своето образование во Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тие мрсници се способни на сѐ. Тие, како што може да се види од твојот случај ви ги менуваат имињата за доказ дека вие божем сте Бугари...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Со други зборови, дајте им ја вие власта во рацете на Македонците, тоа треба да се разбере на оние од нив што се викаат Бугари, та од неколку години после вие ќе видите оти и во Македонија од другите народности ќе остане тоа што остана од Грците во Источна Румелија, по ослободувањето на последнава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Туку, - рече тој, - сакав да ве прашам од кое село преку планинава сте, ама бидејќи ни вие не ме прашавте подобро да се разделиме како да не сме се виделе. - Подобро, - рече Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сева корија и сиов камен што го гледате длабоко под мене протегна жилав корен и мојава става што вишнее усамена под ридов сте вие.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Девојки! Запамтете... Ако вие не го убиете него, против кого сте ја впериле пушката, тогаш бидете сигурни дека тој вас ќе ве убие.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Доаѓате сите вие Со црвени пеперуги на усните За исцелување од гревови Со лути змии во табаните Што ве носат на погрешни места.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Вие мажите сакате да мислите на своите жени како на асексуални суштества надвор од својот кревет.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И дека сева оваа глутница што вие околу нас не ми е дојдена преку глава?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ќе дојдете вие плеќести црни мажи и деца и неба и птици на овие брегови Трпко и ден и ноќ и ден и ноќ да нѐ барате нас мажи и деца и неба и птици Вардар престорени и мостје црно од грижи дали ќе се најдеме ние што го извишивме овој мост за нови плеќи и вие што ќе го извишите.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Вие не сте интелектуалец. Што не значи дека немате други квалитети. Можеби поважни од интелектуалните.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Скоро ќе стигне и есента и вие весели ќе дојдете да ме заколете.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Вие сте едни браќа или братучеди, што бевте тргнати божем на печалба, нели?
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Луѓе, вие што доаѓате да ги починете очите во мојот костур ме снашла старост и сув јас веќе го веднам својот грб кон посницава.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)