визија ж.

визија (ж.)

Во историјата на хрватскиот народ пророчки стигматизации и визии имало мошне малку.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ако се обидеме описите на спонтаните визии да ги споредиме со психоделичните доживувања, сличностите се бројни а разликите мали.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не случајно на нишан на стратезите на комунистичките идеи беше апокалипсата, визијата од светите книги за крајот на човештвото, историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Апокалиптична визија со циклично време, атоми скривници во иднина и лудници во минато.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Со други зборови би биле осиромашени за размислата на творечката преобразба и визија, за смислата на прогресот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Паметен човек не остава Ништо и никој зад себе што го боли, не жртвува среќа не е жртва на сопствени цели, се раѓа, со чувства, визија, идеали, потреби и желби.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Имам мистички визии и космички вибрации Ален Гинзберг Благословувам постојано Благословувам Сѐ што е околу мене. (Предметите Ми ги одбројуваат часовите Додека ги разместувам по сеќавање)
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Подбивниот, избрчкан глас на Сириецот грубо го влече кон студената пареа на крајбрежјето, скоро со болка ја сече мирната поврвнина на идеализираната визија: - Оној што го имаше каменот пред мене ја матеше мудроста со безумност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во тој момент нему му се потребни програми од „високо-нивовска” визија кои ќе активираат перцептивни шеми кои содржат знаење за објектите што би можеле да се појават на фотографијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бургиба не се откажуваше од своите фантазми кога беше во прашање неговата визија на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Марксовата визија за царството на слободата преку митот за преодниот период беше ставена во служба на обезбедувањето поддршка за Лениновата диктатура „на пролетаријатот“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Следете ја неговата визија и ќе знаете зошто постоите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од белите неоантички палати до дрвените викторијански куќички, од мермерните споменици до непрегледните војнички гробишта, од станарите сместени помеѓу империјални столбови до оние што пред тие столбови секојдневно протестираат - насекаде до тебе допира визијата на основачите на американскиот сон, нивните остварени замисли и оние што допрва треба да се остварат.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Визиите не господареле над него и над неговиот сит, безгрижен, тромав живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И таа визија ги одржуваше донекаде групите кои имаа корист од секоја историска промена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одовде Хичкок на површината е непримерено „полесен” од Грин, во темелите е определен за јансенистичката визија на човекот како битие кај кое секој момент на човечноста лесно се сменува со опсцената травестија на расипаноста...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Секако дека тие внатрешни, мошне консистентни визии со векови претставувале визионерски култови и сликари со мистични склоности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Личноста на Олдос Хаксли, филозоф и мистик по лично убедување, човек чиј вид сериозно бил оштетен со долгогодишнто неизлечиво очно заболување, била како создадена за мескалински визии.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секој ја изложувал својата визија пред восхитениот император.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе