визуализира несв.

визуализира (несв.)

Под дејството на психоделичните дроги се зголемува и се изострува концентрацијата за одредена задача, способноста за визуализација на проблемите во нивниот најширок контекст, се редуцираат инхибициите, се зголемува енергијата и одлучноста, а сето тоа му е неопходно на уметникот за време на творечкиот процес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ништо политички корисно не се случува сѐ додека луѓето не почнат да кажуваат нешта никогаш порано кажани - со тоа овозможувајќи ни да ги визуализираме новите практики, спротивно на анализирањето на старите.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Со новите технологии може математички да се визуелизира поим што реално не мора да постои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
-Не ти зборувам за трнот, туку за твојата визуализација.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога предавам за ваквиот начин на работа, следејќи го Брунер (1986), често пати им сугерирам на терапевтите да визуализираат аркада.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)