виолетов (прид.)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Магнетната стрелка на голем компас трепереше со виолетов сјај.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Нешто некаде ја носи, ја носи, ја носи низ некое темничиште, како низ некој тунел, а некаде таму, отаде, на другиот крај од тунелот зрачи некоја светлина што се лачи во меко сина а силно виолетова, и тоа ѝ влева надеж, па сака што поскоро да се најде на другиот крај од тунелот, во светлината каде што Пандо нејзин сигурно ја чека.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во таа соба се случуваа настаните врзани за виолетовата боја од виножитото во водите на Тиса.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рада качена на моќното БМВ зад кое се виореше виолетовиот фустан беше дочекана со громогласен аплауз.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Белата пена се измеша со последната виолетова боја на ѕуницата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше загледан во својата Срцка, облечена во виолетов фустан, кој од вратот до петиците го прекриваше нејзиното тело.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Утрината во дворот гласот беше се престорил во виолетови, небесни и бели венчиња – велигденчиња.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Набргу чадот се вообличува во дух со виолетово нашминкани очи и карминирани усни, а во ушите има по две тркалезни минѓуши. 114 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Земја во која комбинацијата на црвена кошула, жолти панталони, зебрасти чевли, кравата во „тигрест” фазон и виолетови гаќи со портокалова шрафура, не е знак за евентуален невкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тоа утро боите на небото беа портокалови и сини и виолетови и понекогаш мошне црвени и понекогаш жолти или пак чисти како водата над белутракот.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ова ѝ го реков на Пеперутката кога ѝ се роди онаа необична замисла за порачка на повеќе свилени платнени ленти во сите бои: и бела , и црвена, и розова, дури и виолетова.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Фасадите потпукнуваат почесна стрелба, ги шират своите цврсти ѕидови... минуваат купишта луѓе, креатури од далечните ѕвезди, виолетови каскади... продираат во ѕидовите, заканувајќи се тонат во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Виолетовото значи кокаин, зеленото хероин.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се појави Рада во прекрасен, долг виолетов фустан кој допираше до земја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Виде папра, алпен, сини, црвени и бели цвеќенца, базер, врчки, блостур, виолетово расцутено трње и, како што му се чинеше нему, можеби уште двапати по толку други секакви растенија што тој не би умеел да ги наброи.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сјајните и виолетови плодови на патлиџанот, пресечени на половина, издлабени во средината, со пријатно горчливиот вкус, беа како голем букет составен од разнобојниот испечен зарзават во кујната.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Извади од него едно мало шишенце со виолетова течност, го отвори стакленото капаче, и му го подаде на дедо.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)