виолина (ж.)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Каде си да заиграм по тебе оти ти и зората сте две виолини во исчекување.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Кога крилјата се подготвени за летање бргу се долетува до гнездото на сопствената болка од сопствената шака си ја лижеш изгубената радост и ја ишкаш смртта од струните на виолината ноќни сенки излетуваат од акордите на вердиевиот реквием и им ги бришат челата на публиката лачени ноти скокаат низ историјата и се потат во чевлите на диригентот звуците на животот како лилјаци се удираат од ѕидовите на вечноста од суво усте лушпе ореово се разлева кон реката вердиевата чаша вино отаде реката последна причесна и школки на суво - на клапнатите музичари им намигнуваат.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Не како кога ги милуваа жиците на виолината или шушкавиот бакар на меките коси.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Гудало од слатки нерви се скокотка и се игра со некаква виолина.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Пред војната три пати го освојувала првото место на виолина.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во отворениот прозорец на општинскиот писар се мачеше крцкаво липање на виолина. Се поткренав на прсти и ѕирнав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Штурците почнаа да ги гласат своите виолини за вечерниот концерт. Беше време за враќање дома.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Старецот снемоштено запре, му се отпуштија рацете во кои ги држеше виолината и гудалото.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој знаеше да свири на виолина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Улицата опусте. Само понекогаш липаше со грозни тонови виолината на писарот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Од ѕверската јама на општинскиот писра избиваше несносна пискотница на виолина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Никој не знае дека хирургот на виолина ги вежба своите прсти.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш улицата се смируваше. Престануваа доверливите шепоти на жените, а лагите на лимарот, и липањето на писаровата виолина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Музиката го параше просторот, звукот на виолината завиваше очајно...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Под звуците на неговата волшебна виолина тонат во сладок дремеж бубачките, пеперутките, шареноглавите цветчиња и сиот мирен полски свет.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Детската виолина собира многу роса отшто никогаш не се знаело кога ќе ожеднат багремите што дедовците ги саделе да расцутат баш во музиката на внуците некаде многу далеку, отаде времето.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Цел свет со виолини, вели, а ние со мувлосана гајда, небаре мрша да ти квичи пред носот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гладот го натерал да научи да свири на виолина.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кога се одмори и кога се постопли, штурчо ги нагласи разгласените струни на својата виолина и - засвири!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)