висококвалификуван прид.

висококвалификуван (прид.)

Високите кругови на глобализацијата се карактеризираат со мобилност на висококвалификувана работна сила, дигитална размена и децентрализација на производството; во исто време, протокот на глобалниот капитал бара инфраструктурата да биде централизирана во глобалните градови со голема популација на нискоквалификувани работници кои се потребни за опслужување на инфраструктурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тапетарот Стојче, кој е висококвалификуван работник, работел во еден голем скопски колектив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
При толку висококвалификувани бајачи, недостасува само уште Асан, троа замижан. Ококорен и тој не се мами.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)