височина ж.

височина (ж.)

Наместа врз него прелетува темната сенка на облакот и се губи понесена од ветриштата што лудуваат таму на височините.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Секое сабајле станувавме во шест часот, се строевме по височина, го кревавме знамето и ги слушавме најновите вести.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Драги патници времето е вонредно тажно целта неподатна летаме на опасни височини со душоломна брзина само уште неколку илузии и ќе се спуштиме на почетокот не размислувајте и не напуштајте го седиштето сѐ додека наполно не запре работата на срцето
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Низ прозорецот можевме да го забележиме едниот од петте стражари чија силуета на сртот од благата височинка личеше на стрелка која се движи според строго одреден интервал, навестувајќи го скорешното паѓање на мракот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти безобзирна сило што дивееш во височините што врзуваш облаци и одврзуваш јазли Порасни!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
И продолжуваше така да претрчува меѓу стеблата и пак да завива на следната височинка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мнозина од вас знаат дека нема метро со кое да се измери височината на татковската гордост од првороденецот која расте и ден-денес барабар со нашата загриженост за економската криза и општите состојби.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Како да слегуваше од тие темни височини заедно со снегулките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таму зад тие височини ни ги однесоа децата, зад тие магливи ридишта и можеби и до таму стигнуваше нашиот плач, ама болката остануваше во нас...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веруваа дека знаците од натписот испишан на височина главоломна имаат волшебна сила и дека оној кој ќе ги растолмачи ќе стане сопственик на богатства неброени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше во најубавите години кога се знае и се чувствува полната вредност на животот; ги победи сите противници и беше помоќен од кога и да е порано; со длабочината на својот пад можеше да ја мери височината на својата моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можело да се очекува дека неговите маки еднаш ќе се споменат со гускино перце во некоја библија над чии страници ќе липаат поколенијата; но сѐ ќе било попусто и веќе никој не ќе можел да му ги смекне раните на душата што со копнеж се стремела кон височини.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Авионот ја допре земјата токму кога дисплејот над седиштето покажуваше дека сме на две илјади и шестотини метри надморска височина и тоа беше уште еден знак дека сме живи и здрави поблизу до ѕвездите а ние веќе си знаевме од домашните политички пароли дека и сонцето е ѕвезда.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Потпрен на камен, чекал тој звук да се спушти од височина и со удар на остар клун да му ги смири дамарите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но мускулите ми се ослободуваа од грч, сонцето не беше на голема височина и не се криеше под јакуцка на магла.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се крстел јавајќи на несигурна гранка и ги гледал како што можел светец од височина да гледа куп ѓаволи со крмначки опаши.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зарони во сите длабочини, надлетај над сите височини и дај виделина да земам!
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Овој град е расположен на височинките на обата брега на реката, низ кој постојано се влечат шлепови натоварени со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе