вител м.

вител (м.)

Само витли удира меѓу луѓето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вител од бесен ветер свири и им пустоши низ стомакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И де ќе се појави во навалицата, де ќе ја снема во витлите, во дувалата и пак да ја исфрла на суво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе стоиме и ќе поодуваме, ќе се собираме во витли и ќе се кинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имам чувство дека расказите на Марта ме извлекоа од тој моќен вител барем за миг.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Вителот во кој беше влегол му ги креваше восхитот и жедта за сликање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа дојдоа двајца археолози кои со направи за подводно нуркање, со скафандери се спуштија во витлите на „бездното“ и повторно не се вратија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Долу на улицата мали вители од ветер тркалаа прав и искината хартија во спирали и иако сонцето светеше, а небото беше јасно сино, изгледаше како во ништо да нема боја освен во постерите што беа излепени насекаде.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гледаше меланхолично како галебите се оддалечуваа, во висок лет, кон устието на реката, на патот кон Солун, градот на нејзиното среќно детство, во вителот на големата светска војна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Винстон Смит, со брадата спуштена на градите за да се заштити од остриот ветер, се протна брзо низ стаклената врата на Станбената зграда Победа, но сепак недоволно брзо за да спречи еден вител од песочен прав да влезе заедно со него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа оние двајца тешко докрепуваа. Му го здогледуваше окото на вителот што ги поземаше, а беше толку беспомошен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Талкач во мојата непроодна душа Си Ти Незгаслива жега, пеколна суша Си Ти Како солзи што в грло ме гушат Си Ти Како цвет на крајпатна дива круша Си Ти Како тихо ехо што в мисли го слушам Како вител спомени што ме рушат Граблива птицо плашливо молам – твојте номадски крилја ги свиј! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ги делеше луѓето И најчесто на самата невидлива граница, која беше означена некаде на дното на езерото, кога минуваше чун се создаваше силен вител кој го одвлекуваше чунот во длабините и речиси никој не преживуваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Час се појавува, час ни се губи, се дави во вителот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислата на Рада се развлекуваше како ластик, од некаде долу на Југ, сѐ до спојот на Ушќе, местото каде што денес потона и излезе од вителот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Слушаа луѓето и во чудо се прашуваа: Како, низ кои далги, низ кои витли, низ какви крточини талкал и стигнал во далечната земја нивниот бик.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
(...) Да не мислиш на неможноста со сигурност да се излезе еднаш засекогаш од вителот на семејните трауми, „вини на предците“ и закоравените предрасуди, како во добар дел од расказите?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе