влезен прид.
влезе св.

влезен (прид.)

Влезен е ѓаволот во луѓето, што се вели, а ,ѓаволот откај газот влегува, а од уста излегува", велеше дедо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бруцоши, интензивно влезени в живот како еднаш...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога тргнав кон влезната врата ми се стори дека го догледав татко ми крај прозорецот и во другиот момент го немаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За тоа катаден ги потсетуваше натписот над влезната порта и оџакот што без престан црно димеше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Велат дека сум била многу мала, па не можам да се сеќавам на моментот кога тој во војничка униформа се појавил на влезната врата со најголемиот букет цвеќиња за мајка ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Влезниот ходник не беше послан туку беше гола земја врз којашто право кон катот се креваа дрвените скали со подјадени скалила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми се нафатиле солзи на трепките и го гледам како низ некоја коприна, што се вели, како во вода да ми е влезено со лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие корпи се обично малечки и ги полнат со цвеќиња или разни слатки, ги оставаат пред нечија влезна порта, ќе заѕвонат и веднаш трчајќи бегаат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Потоа, двајцата влезени во гробот над главата на стрика Анѓела ставаат барде со вода, на градите поскура завиткана во крпа и земјена ваганка со овоштија, па прикрепувајќи се еден со друг и подземани за рака од другите мажи излегуваат од гробот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еднаш ја заклучија влезната врата од куќата во која беа сместени неколку фамилии и го фрлија клучот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Високата влезна врата веќе беше убаво зината.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сега зее со празната голема влезна врата и со испокршените стакла на прозорците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ќе влезеш на влезната врата, веднаш пред тебе е долг ходник.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И тоа е влезено во војната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И самиот присилно влезен во механизмот на жртвувањето, најден под пресијата на најсилното преобраќање во сталинистичката идеологија, имав сили и мноштво аргументи да размислувам за огромната моќ на приспособувањето на институцијата на жртвувањето во повеќе облици и спреги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прислужникот не веруваше во нашата приказна: тој нѐ испрати до големиот влез на гимназијата и, гледајќи нѐ со поглед полн сомневање, ја заклучи зад нас влезната врата со огромниот клуч.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А можам и да ја убијам, в раце ми е влезена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Влезено е летото, не знам кое време од летото, брезите се јавнати од зеленило, лисјата им трепкаат ко човечки очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пролетта веќе беше длабоко влезена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе