внатрешен прид.

внатрешен (прид.)

Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во какви односи станаа Македонците со нивното национално разбудување кон балканските народности и дали позицијата што ја зазема сега Внатрешната револуционерна организација по прашањето за народноста на Македонците Словени е таква од која не може да се оди понатаму, или пак треба од неа да се направи уште еден чекор и Македонците да се јават приврзаници на националниот сепаратизам со примањето на централното македонско наречје за општ македонски литературен јазик?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За одбивање да бидат дел на фарсата, блиските можеа лесно да страдаат, да се најдат во нов круг на внатрешниот пекол. Кутрите мои. Кутриот јас!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не според стилот на епохата туку според изливите, внатрешните релјефи на гестот-ерес временски ќе се сместува меѓу XIX и XX век отприлика почетокот на нашата взаемна љубов: грешките се допуштени ако за грешка може да се смета она кое ги надминува границите ако воопшто од животот можеме да го избркаме чудесното, волшебното магиското.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Османлиските навлегувања на Балканскиот Полуостров се совпаѓаат со внатрешните судири кои ги зафатиле балканските држави.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Мајка го оправдуваше заминувањето, оддалечувањето од родната земја само ако тоа беше со Божјиот повик за да се сподели својата внатрешна болка и сопственото страдање со она на најсиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На внатрешната страна од капакот е изгравирана една благодарствена реченица наменета за херојот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дете на родители од Внатрешната партија теоретски не е родено во Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш префектот извади еден бележник и почна на глас да ни чита подробен опис на внатрешниот, а особено на надворешниот изглед на исчезнатиот документ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Покрај надворешните граници на новата Република Албанија, превладуваше густата пајажина на внатрешните граници на земјата помеѓу различни принципати, минијатурни ефемерни републики, прогласени и одржувани во поделената земја од окупационите сили на Сојузниците, од големите фисови, верските конфесии.
„Граница“ од Луан Старова
Колку малку го слушаме својот внатрешен глас, колку малку умееме да ги читаме знаците што секогаш непогрешно ни ги покажуваат вистинските насоки...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не мина многу и чу ропот од внатрешната страна на портата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во групата луѓе околу столовите завладеа тишина во истиот момент кога видоа како доаѓа црниот комбинезон на еден член на Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шизофреничарот такво уверување не може да стекне од внатрешни извори.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И јас со таков сензибилитет ги интерпретирам своите внатрешни гласови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Со градење на туристички комплекс од затворен тип за републичкото раководство и за припадниците на Министерството за внатрешни работи?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Воведена е и забрана на штрајк во Министерството за внатрешни работи во воена, вонредна или кризна состојба и во Армијата на Република Македонија во воена и вонредна состојба, како и во случај на извршување меѓународни договори што се однесуваат на вежбовни активности, обука, мировни или хуманитарни операции.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Според нив дишењето е непрекинато општење на внатрешниот и надворешниот свет, невидлива комуникација помеѓу објективната и субјективната стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе