внесе (св.)
Урламе внесувајќи се во тие мртви лица.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Со убаво да нѐ внесат во кафезот!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Внесена во мојата балканска сага таа не можеше да остане индиферентна на настаните кои ги следеше преку медиумите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Да појдеш на извор
зад девет младости
и девет премрежја
да се напоиш и внесеш во него
бистер и озарен
да се вратиш при мене
и да ме гледаш
сѐ додека не протечеш дробно
по мојава планина
песу мој!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
А Бог им внесуваше нова сила во црните души за да издржат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таквото изучување ќе внесе разумност во нашите односи кон сите споменати народи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По сите тие причини, како и по полната убеденост во тоа оти не само бесполезно и невозможно е понатамошното успешно спротивставување, јас мислам дека наш долг е да ја замолиме македонската интелигенција што има влијание врз сегашното движење да го обрне својот поглед кон сериозноста на положбата, да го измисли патот и сите средства колку што може поскоро за да искаже полна доверба спрема постапките на заинтересираните големи сили во полза на Македонците и, откако ќе им даде ветување, да ја прекине понатамошната борба, да ги замоли да му се помогне морално и материјално на постраданото население да се поправи; да замоли да се воведат сите предложени реформи и тие што ќе најдат силите за нужно, како проширување на изработениот проект; да се отстранат пропагандите и да се востанови Охридската архиепископија со црковно-училишната автономија; амнестија на емигрантите и на сите четници; признавање на Словените во Македонија за одделна народност: Македонци, и внесување на тоа име во официјалните книги итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Заплашувањето на првиот зимски здив внесуваше во нив бес - луташе таа мафија по улиците и оставаше зад себе јад и солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Подоцна отидовме со такси до диското и чекавме да нѐ внесат, како да сме некои кој знае какви познати Вип фаци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во тие два тона младата мајка внесуваше некоја чудна радост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Шишман подстанувајќи го поткрена капакот и го внесе лицето во тенџерето.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но
во секого се внесуваше
како во откровение: крв и месо на убоста
со занес на почетник и на првак.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се внесов во глетката и во овој едноставен одвивачки образец на космичката еволуција кој претставуваше вистинска историја на човечкиот род.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Камилски ѝ даде на Мајка куп семиња за цвеќиња кои ги испраќаше неговата сопруга и таа одамна внесена во цвеќарството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овој настан внесуваше неочекувано малку живост во нејзиниот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во него веќе имаше отпечатен образец за договор за работа, во кој беше внесена и обврската за чување тајни. Решив да го потпишам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На неделата, или и пред недела, крштаваат сиромасите што не одат на пазар нарочно за крштевање ќе купат по некое бришалче од анот в село, ќе го внесат детето в црква и од црква — дома; бабата и нункото колку за адет ќе каснат и ќе си одат без голем калабалак и мастраф.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)