вникне (св.)
Но, она што навистина го изненади стариот професор беше не тоа дека кучето со поглед секогаш го следеше кога тој пребаруваше по библиотеката, туку тоа што кога седна во фотелјата и ја отвори големата книга на скутот пред себе, кучето скокна со двете нозе на фотелјата од зад него и се вникна доближувајќи му ја главата и допирајќи го со влакната на својата глава некаде по вратот како едно време покојната жена кога попатно му ѕиркаше во четивото, а што него благо го обеспокојуваше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Вникнат длабоко во тајните на балканското петвековно време, благодарејќи на старите битолски кадиски списи (сиџили),кои што ги откри и на коишто им го посвети животот, свесен дека постосманското време на Балканот, во вековите што ќе следат ќе мине во борби за апсолутно докажување на посебните етнички идентитети од кои ќе настанат новите балкански држави нации.
„Граница“
од Луан Старова
Во книгата беа вникнати илузиите на Камилски врз универзална подлога во крајна цел да се помират водечките идеи на тогашниот европски лев Запад и октомвриски Исток.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)