внуши (св.)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакаше да ги види мајка си и татка си, а му се внуши и за црното Кате како и за неговите дечиња Трајчето и Велјанчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
14. АНГЕЛОТ МУ СЕ КАЖУВА ЗАТОА ТАКА ГЛЕДА - не Архангелот Михаил на смрт што вадел душа, ами некој од ангелите што блескаат ко веда процепувајќи го небото - бескрај да му внушат...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
А пијан а непијан, вели Јосиф, Лазор на луѓето им внуши храброст да почнат отворено да зборуваат против Хаџи Ташку и дружината, граѓани и селани.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Молеше за здравје за сите дома и за роднини и пријатели, за бериќет и спокој, а потоа отвораше книга и вака се крстеше и почнуваше одново да се моли: - Оче наш, иже еси на небесах, услиши молитву мојy, внуши моление мое во истиња Твоеј, услиши мне в прaвдје Твоеј.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)