вовлекува (несв.)
Јас сето тоа го слушав и ги држев колената на татка и се вовлекував во неговиот скут опседнат од приказната што лакомо ја прибирав и запишував на белите страници на мојата детска душа.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Таа се вовлекува во неговата душа и ја пребарува со невидливи страсни прсти.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бргу се спушта на колена и мижејќи се вовлекува под креветот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Се престорија во голем, шарен и возбудлив калеидоскоп што почна да се врти заедно со мене вовлекувајќи ме сѐ подлабоко и подлабоко во нешто огромно и таинствено, прекрасно и застрашувачко истовремено.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ги полневме своите малечки грстови вода. Ги вовлекувавме длабоко в земи и те поевме.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Блескотот и во шаторите се вовлекуваше и ги лизнуваше нозете на оние извидници кои лежеа или им ги вцрвенуваше лицата.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Од денот кога еден сѐ уште ѝ ја пиеше крвта на другарка ми, друг полека ѝ се вовлекуваше под кожа, со крајна дестинација... е, таму каде што почнуваат нозете да растат, под здолништето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ја вадевме фиоката којашто беше над заклученото шкафче и ги вовлекувавме детските тенки раце низ празнината, со прстите набрзина зграбчувавме од локумот и си стававме по едно локумче в уста.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Понекогаш ја забележував и јас како, небаре сениште, истрчува од пештерата и трча кон прнарите во кои се вовлекуваше и исчезнуваше.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Држење на пролите во континуиран страв од војна и набљудување од Големиот брат, вовлекување подмолно на систем на фашизам од задна врата, оков на нашиот врат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Некои ја виделе како јава на крилест змеј над блиската клисура, слетувала крај водите и се вовлекувала во пукнатините на стените од каде, по неколку дни, исползувала како темно сива змија, долга и уплавна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ко пијавица се вовлекувам во агендата на твои идеи Во коренот на младоста црвен каранфил зажарува...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сопственикот на немирните раце лежи ничкум, неговата небричена брада втонува во ископаната земја и усните ја допираат нејзината студенина и мирис на нешто гнило му се вовлекува во дробовите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Студ ми лазеше по дамарите, леднина ми се лизгаше по вратот, се вовлекуваше меѓу ребрата и полека, небаре скорпија се лизгаше по недрата, го обиколуваше адамовото ребро, и застана над лакот, токму над срцето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Господи, мојата Катерина премногу сериозно ја беше сфатила играта во која ја вовлекував.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Вовлекувам големи топки чад и ги испуштам низ уста.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пиштеа луѓето како полжави на врела ламарина, риеја и се криеја во калта, копаа бразди, се вовлекуваа еден во друг, да се спасат од мечот на свети Архангел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Првите денови уште му излегуваше живо пред очи ликот на Лила, го вовлекуваше таа негова сила на претставување, му создаваше илузија на нејзиното присуство.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)