вовре св.

вовре (св.)

Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој се обѕрна горе долу по улиците, се вовре во продавница и ја купи тетратката за два долара и педесет центи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја задржа пред вратата и утринската свежина, да не се вовре внатре и предвреме да му ги разбуди гостите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако не можеш да смислиш ништо, ако во главата немаш ни збор за повеста што сакаш да ја напишеш, тогаш кажи ја вистината - дека седиш пред белиот лист ставен во машината за пишување, со раката воврена под ременот од пантолоните, фатен за пенисот како за единственото нешто за што можеш да се фатиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под шлемот му ѕиркаа очите со остар поглед и потспуштени веѓи; мустаќите тукушто зарастени; воврен е во долг шинел; со едната рака го држи ремникот од пушката обесена на рамото со бајонет кој излегува од сликата; под работ на шинелот му се гледаат камашните изврзани од цокулите па нагоре кон колената; зад него ров со бункер од кој излегол да се слика; и дрво осакатено од граната како удрено од гром.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ти, и кога би ме сменил, не би издржал повеќе од половина час да не ја прекршиш стражарската дисциплина и да не се вовреш кај неа, а јас ти веќавам дека, ако ме смениш, немам никаква намера да одам да спијам и да се откажам од мадемов што сум го открил.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Малчо Златотворецот се вовре меѓу гранките и ја расчепи устата до крајни граници.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Одиш по планините, самјачки се задлабочуваш во далечините веќе со години не-тука, не-ти клекнуваш пред јагодите, шумските боски розовата страна на смртта со човечки мирис да ги обросиш пред да се вовреш меѓу сушните лисја пред да ги помамиш влекачите, шарките, поскоците и да ја доживееш, глеј, одненадеж уметноста на пелцувањето.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сега, листот воврен во валјакот не беше празен, на него гледам црни редови во низа, се влечат надолу еден по друг, треперат црно и болскотно, како што треперат ѕвездите на небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш си во Ускудар и на станицата која овој град го сврзува со Анкара и човек може да се пофали дека се воврел низ вратата на Азија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Туку ај, да си одам, да се преслечам, вели Мисајле, оти и мене студот ми се вовре низ алишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се вовре во грлото, ми се лизна во душникот, ми ги наполни џигерите, ме бутна во вителот, а вителот во вирот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го изострува врвот на конецот и прави куси бодежи како со сабја за да го вовре во иглата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пред мене, без намерно да вртам поглед, ја видов машината за пишување и во валјакот воврен листот хартија на кој стоеше напишана онаа реченица: „Има нешто жестоко...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако не се јави камен, рече тој, и ја вовре кошулата во залепениот стомак под ременот од пантолоните.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Така, уште запетлувајќи си ја кошулата и премислувајќи се дали да ја остави преку панталоните или да ја вовре во нив (првото беше недолично за старите, но поудобно за врелите ноќи, а второто попристојно, но и постегнато за потната снага), Ване влезе во кујната и веднаш забележа дека столот на гостинот - натрапник беше празен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И јас го принесов ковчежето кон клучалницата раширена, зјапната, црна; и го пуштив сподобието грозно, и тоа, како да се бевме договориле, зачекори право кон светлината што биеше од клучалницата, и цело се вовре низ неа, и влезе. Внатре, во тајната.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа го фати под рака и ја вовре својата во неговиот џеб, испреплетувајќи си ги прстите со неговите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе