возвишен прид.
возвишение ср.

возвишен (прид.)

Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа структура авторот ја трансформира во возвишена уметничка претстава со својата природна чувствителност и писателска реч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повозвишен свет од светот на играчките немало на земјинава топка ни во една сказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Му стануваше јасно дека тоа не беше вообичаена пасија за собирање книги или поштенски марки, дури и играње покер, туку се работеше за возвишена цел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чекори внимателно доктор Сашко Кедев како кога се влегува од една во друга празнина откако ќе се почувствува моќта на возвишеното.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Митрополитот им припаѓаше на оној редок вид предводници што таа позиција не ја разбираат како привилегија, туку како високо достоинство, како морална обврска, како етичка и возвишена, не како прагматична и утилитарна вредност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И крајот на Мајкиниот живот, кога ја избра самотијата во домот, со Татковите книги, содржеше нешто трагично и возвишено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа чувство на таа возбуда и восхит со чудото на дотогаш непознатиот јазик на поезијата, со мелодијата негова, со понорноста на тажачка, во моите идни читања сѐ повеќе ми ги доближуваа по јазик и сензибилитет елегичната инкантација и возвишениот Рацинов лирски занес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сликата на пророкот за него е противтежа на хаосот во кој живее, возвишен регулатив на неговата контингентна историска егзистенција. Расцепот меѓу нив е привиден.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зар има зборови кои не можат да постојат кај ниту еден народ, посебно кога се работи за името на ваква возвишена пита? продолжи упорно Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби тоа беше така бидејќи беше останал премногу чист и возвишен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги сака светлината и сенката. Живее по ќеиф, сѐ едно дали грдо или убаво, високо или ниско, богато или сиромашно, возвишено или пропаднато.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Гардистот со зелени заби се поклони пред чудовиштето. Веќе во следниот миг клечеше.- Ова е нов рудар, возвишена господарке.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ова дело сведочи и за чинот на една возвишена синовска љубов која може да го трогне секого...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа не сакаше, не можеше да го прекине возвишеното чувство што ја имаше целата исполнето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чувство на возвишена убост од преголема емоција, таква каква што има виолината на Паганини кога ја свири најпробојната мелодија, онаа која те приближува кон вечноста, онаа која те прочистува до сржта.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сивилото на вештачките раеви на некој начин прераснува во култ, под услов тие да ја достигнат возвишеноста на една (не)култура.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Изведбата на Џоан Крафорд во Милдред Пирс очигледно е изведба што секој кому мелодрамата му е по вкус – односно, секој што не може да ги заземе, што не посакува и што не може да се стреми кон величието и престижноста на трагичната возвишеност – не може да не ја подражава или да ја преизведува. ‌Сигурно, ненадминливото подражавање на Џоан Крафорд на мајчинското мачеништво и абјектност не ги одвратило поненадарените исполнители да ја „играат“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе