волшебник м.

волшебник (м.)

Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа беше волшебничка кугла, таа чаша што раѓа во себе разденување и примрак па после како сунѓер ја впива ноќта и ја дави месечината в катран. Тоа беше огледало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Волшебникот немаше време да се скрие под некоја стреа, па тешкиот камен го тресна по главата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
О ведар пријателе од сништата Убавината е зачуден предел Збунет ги откривам итрините на волшебникот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Семоќни волшебници со змиски очи се спогодиле да ги состават овие луѓе во мачната и тешка илјада деветстотини и дванаесетта година, во која не се знае колкав ќе е откупот на поразените ни колкава ќе е и каква награда за оние што ќе слават.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На најмалово и најневидливо островче, кога ќе се отвори некако магливиот кожурец и малку ќе заблеска на сонцето, заблескува и фасадата на прекрасната палата на волшебникот Желбоноско.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Желбите, честитките, специјалните пораки, не смеат да не дојдат до оние на кои им се испорачувани, пред да се излеат од животворните сокови и благослови на волшебникот од невидливиот остров што плови.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И тргна Димче Волшебникот да ужива по улиците, да ги казнува оние што не му се допаѓаат и не му ги исполнуваат желбите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Јас сум волшебник! Јас сум волшебник! - почна да вика Димче. - Јас можам сѐ! Штом е така, ќе видат...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Волшебникот Димче попусто очекуваше да ја види во ново палто.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И Димче наеднаш сфати дека има во себе некоја чудна моќ, дека е волшебник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Така Сатурн Волшебникот следната сабота дојде во санаториумот за душевно болни, со циркуското камионче подготвено за прослава заради враќањето на Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сите луѓе, како што беше случајот со Ескимите, стојат пред нас со подадени раце очекувајќи да им го врачиме благословот од волшебникот Желбоноско!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ако се во прашање грблести вештици, еднооки џинови или зли волшебници со свински чурила, ќе ме снема пред да трепнеш. Ни ураган не ќе ме стаса.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Значи тој е задржан од страна на господарот на ветриштата и волшебникот Желбоноско!?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еден ден Малчо си одеше по улицата и си мислеше: „Зошто не сретнам сега некој старец, волшебник и тој волшебник да ми рече“.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Волшебник си голем, до бескрај те сакам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во тие такви денови најзафатен е волшебникот Желбонско.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Волшебникот немаше време да се скрие под некоја стреа, па тешкиот камен го тресна по главата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Повеќе