вон (предл.)

„Да, ох, ДА!“ „Ние сме на полето вон градот. Ќе можете ли да дојдете утре?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Само чувствуваше како ја лулее нешто и носи над и вон сѐ што би можело да се опфати во било каква мисловна рамка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А таму, на контролната табла – остатоци од пречкртано ветување, отпакувано вон себе.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Анализирајќи ја музичката структура на поезијата, Соломон Маркус во неговата „Математичка поетика“ коментира две во основа противставени теоретски стојалишта: едното е дека звучната убавина на стихот не може да делува независно од смислата која ја имаат зборовите во песната и дека звучната релевантност вон лексичките и граматичките морфеми всушност и не постои.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако Господ Бог постои тогаш тој не е некаде вон и над постоењето туку во самото постоење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И во следниот миг видов млаз кон мрежата; миг потем видов светлина, страотен блесок, десет илјади пати посилен од Сонцето, како очите Господови; таква светлина никогаш во животот немав видено, господине судија; светлина еднаква во сите свои делови, виолетова, облак од светлина што не е во едно време убав а во друго неубав, ниту за едни е убав а за други – не; таа светлина траеше само еден миг, кој ми се виде цела вечност, и јас знаев дека и Јан Лудвик ја гледа таа светлина од прапочетокот, и како бев вон себе, исплашена, во шок, јас бев среќна што Јан ја виде таа светлина, уште еднаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во текот на летото ќе се снимаше целата документација на изградбата, а по потреба на етапите во градењето ќе се продолжи и вон сезоната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секое поместување вон одредените правила за живеење ним тешко им паѓа...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Башка што тие двајца многу често не сакаа ни да слушаат, не сакаа ни да знаат за ништо вон од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој смета дека казнувањето на наркоманите во американските градови едноставно создава примамлив и опасен пазар кој се шири и вон границите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И се отвори небото како екстаза, луцидна за себе слепа за сѐ друго! Човек пред човека не се отвора на таков начин ни во исклучителните мигови на премин од еден во друг и излез вон себе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Hominis tota vita nihil aliud quam ad mortem iter est. Вистинскиот живот е вон овој живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На сите работи, што ги започнуваше, не можеше а да не им се даде сиот така што да не остави ниедно делче од себе си вон, беше создаден таков.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тој миг беше неспособен да проговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Судеше, кога беше вон од сѐ над сѐ, некому што личеше на него и што докажуваше или доживеал малку порано нешто што доживуваше или доживеал малку порано нешто што требаше тој да го доживее.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Благословувам вон времето Благословувам вон просторот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Но заверата може да дојде и однатре: Евреите обично се најдобра цел бидејќи ја имаат таа предност едновремено да се и внатре и вон.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дарвиш ја продолжи мислата: - Но нашите легенди не можеа да постојат вон реалноста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И морето и бродот стокмен од нејзините ноќни шепотења и сребрените скали на вечноста по кои слегува до нас О Таа мртва, Таа заскитана вон дните Таа жуборлива во нас и студена во каменот овде е нејзината земја и мермерот во кој молчи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе