вообрази (св.)
Кукли кои можеби си вообразиле дека се поубави од обичните моми и оти поради тоа бараат посебно внимание...
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Жандармот секако не, зашто ниеден жандарм на светот не носел очила. Сум вообразил само.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Си вообразува човекот дека таа е пред него и си бара.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А потоа и самиот се запрашав: „Дали навистина не е опасно ако некој си вообрази дека може да го одредува текот на нашите размисли и со помош на оваа своја способност да донесува заклучоци за нашите намери“?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Си вообразував дека ги забележува тие промени на мене и дека е среќен бидејќи и самиот открива дека и во нашето семејство се запатило убавото; мајка му втасала да се накити со пердувести нешта, а подоцна, ако наиде и таква среќа, како што се случува и со орлињата од Сина Скала, можеби ќе ги рашири рацете и ќе полета.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како посилници Дедомразовски, така си вообразиле во своите главчиња, за време на големиот танц не играа, само дежураа, а додека едните го правеа тоа, другите подзадремуваа на санките.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Болникавиот шивач, вообразувајќи дека во сите бунари на улицата се удавени мачки, се откажа од вода, сѐ додека скоро зачаден не беше пренесен в болница.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тоа е треска, а тој си вообразува сенешто.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се разбира, ни на крај памет не ми идеше самиот да си вообразувам такви нешта, мислам на глупоста што веќе ја истресов, дека сум бил божем веќе пораснат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)