воскресне (св.)
Од таа имперфектна слика воскресна изгубена душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Но и други борци ќе воскресне Река и водач нивни ќе излезам в гора.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сите тие прашања, создаваат конфузија во нашите глави. што ако не воскреснал и бил само обичен смртник.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Џинот беше неговиот живот, неговата смрт и неговото воскреснување.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Денес, повеќе од кога и да е, се говори за воскреснувањето на народната уметност и за нејзините, навидум безгранични перспективи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Другиот беше упорен. – Токму зашто не сум лековерен, сакам со свои очи да го видам исчезнувањето и воскреснувањето на розата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од неговиот збиен коментар проговорува специфичната еснафска солидарност: макар што не ги одобрува, тој настојува да ги разбере оние литерарни проповедници на епскиот дискурс кои, како залутан пустиник, ја преспале симболичката бура, па безнадежно се обидуваат да ја воскреснат оддуваната референцијалност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Од сликите воскреснаа и маж и жена и сласт и ужас и бог и ѓавол, божествено и сатанско, злосторник и покорник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Имаме и примери. Буда успеал да доживее нирвана на душата, а Исус воскреснал од мртвите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
И му дојде сега наеднаш, нагрвали којзнае од каде од него, чиниш се породи некаква фурија во некои неочекувани длабини од него, заедно со едно беснило, што го обземаше, заедно со она лудечка желба да се издроби во тој снег, и сето тоа полека се вообличуваше во оној лик, оној одамна сретнат и чиниш умрен со заборавот ѕидар, воскресна, чиниш сега сретнат како нешто, што се случува веднаш тука, пред неговите очи, чиниш со неговото тело, и тој набргу се најде целиот себеси сегашен во тој одамнешен лик, а неговото тело веќе сето се завитка во она, што тој отпрвин го имаше само во сеќавањето за набргу да се најде сиот, и духом и телом, понесен и збеснет во тоа...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Според тантричката традиција, во оваа област на телото престојува Заспаната змија (Kundalini sakti) - исто така поврзана со воскреснувањето и бесмртноста - и со чии што моќи се постигнува индивидуацијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но денес, дури и под претпоставка да можеше да биде воскресната од пепелот, фотографијата можеби немаше да претставува никаков доказ.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас не бев од оние синови, фројдовски речено, кои го убиваат татка си во себе, за да воскреснат, напротив јас настојував да го одржам жив татко ми во себе. И тоа во повеќе компоненти, слоеви. Првин во однос на тишината.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но ни волшебната вратика не можела да ги воскресне од земја луѓето на минатото, ни крваригата, ни синчецот, ни боцкавото магарешко цвеќе. Ништо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали воскреснал од мртвите или некој некогаш ги видел неговите коски.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Се виде прероден, воскреснат.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)