восхит (м.)

Го пишував писмото со расположба која можеше да биде на Мајка природно туѓа, ми идеше некаков восхит кој растеше од моите прикриени амбиции.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одново и одново се загледувам во нејзините очи, во лицето и челото ишарани со брчки и покорно, наведнувајќи глава ѝ бакнувам раце и ... занемувам од восхит...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега му се чинеше како цел свој живот да трчал по навредите и понижувањата со истата онаа своја лесно запалива нестрпливост и натчовечка сила со која постојано ги отфрлаше пофалбите и восхитот на некои луѓе кон него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тоа што го обзеде во тој момент беше восхит за движењето со кое таа ја отфрли облеката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Беше еден од незаборавните министри во Сојузното министерство за надворешни работи, каде со почит и восхит зборуваа за него од вратарите до високите функционери.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓутоа, кога се вратил пред еден Бадник со торба лири и со загноена рана на левата рака од туѓа сабја, по селата со восхит се шепотело дека бил ајдутин и одмаздник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вителот во кој беше влегол му ги креваше восхитот и жедта за сликање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Следниот миг мачорот го тресеше глушецот во воздух, како гумена топка, и скокаше и правеше салта по него, со победоносен восхит.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во романот Времето на козите, козарите се донесени во градот, за да се преобратат во хомогена работничка класа; верувањето во животот и земјата се алтернира со восхитот на Танатофиловите карактери на Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во таква состојба ќе се најде кралот Шарл Кине, кога на врвот од својата слава ќе абдицира во Брисел, за да предизвика восхит за покажаната храброст.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не ја криев својата не само восхит, туку и зависта, над тоа убаво нешто.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека трчам кон твоите прегратки чукањето на моето срце се зголемува правопропорцијално со восхитот и воодушевеноста конечно да ѕирнам во деликатната и сензитивна тајна на твојата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Украс на планинана, накит ставен врз сината витрина, со посебна намена да ја украсува, со што би се предизвикало чувтсво на восхит, со што би се доживела глетката.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа чувство на таа возбуда и восхит со чудото на дотогаш непознатиот јазик на поезијата, со мелодијата негова, со понорноста на тажачка, во моите идни читања сѐ повеќе ми ги доближуваа по јазик и сензибилитет елегичната инкантација и возвишениот Рацинов лирски занес.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Чанга со восхит слушаше една вечер кога татко ми занесено му раскажуваше како козата успешно поминувала низ римската, византиската, отоманската, па еве веќе успеала да се пробие и низ сталинската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Одовде се слушаат со восхит смерните и речити сончеви беседи при изгревот и залезот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со восхит Чекам светлината - гостин, Таа лика која свети, зрачи Од чии зраци сум значнат Да ме крене и устоличи.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Повеќе