војска ж.

војска (ж.)

Во војска, или на далечни патувања, се испраќаат со седење пред разделбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Морам да се вратам во војска.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како се викаше таа војска? Чие име го носеше и кој ѝ го кладе?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Ја натераа Македонија да прати војска во Ирак? Копилиња! Проклети копилиња...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Војската тргнала и не се вратила. Стасала до планините.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се разбира, и нашите двајца генерали поверувале дека би можеле да се најдат помеѓу тие среќници, но за жал немале никакви документи со кои би го докажале својот чин во руската војска, а Борис Степанович сосема разбирливо, одбил да им издаде уверение дека се генерали. Вистинита но и тажна приказна!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ние си разговаравме седнати на прагот и за цело време низ селото поминуваше војска и се префрлуваше отаде трапот и реката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Комисијата повторно да се врати и да изврши разграничување врз база на австро-унгарската генералштабна карта од 1911 година, репродуцирана од Географскиот институт на италијанската војска и да изврши обележување на неутралната зона.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се зборуваше дека намерно истрчувал кај што паѓаа гранатите од војските што влегоа да нѐ ослободуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да се склоневме пред волјата на Европа и четите или да се предадеа или да се оттргнеа во Бугарија, или барем да се направеа некои преговори со реформаторските држави, во кои просто можеше да се рече оти или ќе се оттргнат или ќе се предадат, но нека не го мачат Турците мирното население затоа што може некаде се имаат пушки, тогаш ќе настапеше во Македонија мирно време кога ќе се бараше од Турција да се воведат во полност реформите и да се оттеглат војските од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Страв им втеруваше на луѓето и рикањето на биковите кои се колеа за војската.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Војската и полицијата не ја запреа смртта да шета по улиците на градот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нивната стратегија од самиот почеток на вистинската вооружена борба против окупаторот, сѐ додека под налетот на западните сојузници окупаторските војски не почнат да се повлекуваат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Е, тој клуч, беа бункерите кои требаше да им го заградат патот на тенковите и на добро обучените јуришни единици на владината војска за да не го фатат патот што би ги однел зад нашиот грб.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште пред капитулацијата на кралската југословенска војска, нацистичка Германија ја повикала Бугарија да окупира поголеми делови од Македонија и Јужна Србија, со единствена намера да се ослободат германските единици за натамошни воени дејствија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но исто така Македонците сознаваат дека Србија е држава што располага со војска, дипломатија, еден народ и една интелигенција што ќе ги бранат српските интереси во Македонија со примерна преданост и краен фанатизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ова го правеше поради тоа што не го примаа во војска.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По двомесечна опсада здружената полска и австриска војска ги поразила Турците.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во тоа време руското општество се занесувало со словенофилство. Тој занес им зеде околу 250.000 души војска и милијарди рубли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе