впери св.

впери (св.)

Еден војник истрча од патот и со вперен автомат почна да нѐ брка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Девојки! Запамтете... Ако вие не го убиете него, против кого сте ја впериле пушката, тогаш бидете сигурни дека тој вас ќе ве убие.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како кошаре се отворив со матарка се премазав да се помамиш по мирисот да ми дојдеш матицо моја станав кревок и подгорен пергамент мозаик незаштитен со песок непрекриен со мрак се оптегнав како апсида за да стапнеш, конечно, во мене со поглед вперен угоре налик на реквием или псалм одекот да ти биде длабок.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Крсте го испушти надесно моливот, се наведе небаре да си го земе, ја подаде левата рака под клупата, го залепи левиот образ на самата штица и очите сами се вперија право во неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
2. Долниот свет Не оти сме слепци туку од што сме се одвикнале да гледаме блиску пред себе невешто се движиме со стап вперен напред и пипкаме: да не би да наидеме на змија, мудро немушта да не би да најдеме габа, солза радосница оти со години гледајќи далеку ни отапеа сетилата за светот тукашен па само некоја разорена и во мислите насетена ко привидение, стварност се тетерави без престан и бдее од страв да не исчезне ако се успие!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Со вперен автомат пред нив се испречува Германец.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Зборот предавник веднаш нѐ тераше да го впериме оружјето со прстот на скрапецот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кај оградата стоеја двете жени а и бесрамникот Мирко Бундев кој во еден момент го впери и показалецот кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тапанџијата е клекнат пред неа, ја искривил шијата и ја гледа в очи; и свираџијата свирката ја вперил во неа, жилите на образите и вратот ќе му испукаат од напнатост; мевот му е стегнат со појас за да може подобро да дува; челото му е покриено со изналепени пари.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Шифрантот Иваз го впери погледот кон моето ливче и со строг израз на лицето ме праша: - Каде го запишувавте на ова ливче?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долго неподвижно лежеше со поглед вперен во свежо варосаниот таван на кој јасно се познаваа четките на „фушерски“ завршената работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мразите да позирате. Пред објективот вперен во вас како пиштол имате сериозно, по малку мрачно и намуртено лице.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ме посети неговата жена и ми рече: „Не можам да дозволам мојот маж да игра една таква улога кога очите на целата младина на Америка се вперени во него”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се свртувам кон Вртанов и го заварувам неговиот вџашен поглед вперен во мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пополека еден од полицајците се одважи и тргна со вперен пиштол накај Павле.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа ги впери своите згрозени очи во неговите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Другите две родилки ги вперија очите во бујните гради на Рада, а од нив во млазеви се цедеше животната белина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гледав со очите вперени кон него, а звуците од оргулите ме разбрануваа и предизвикаа кај мене невиден набој на емоции.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Исмет го допи чајот. Ја помести чашата и го впери погледот во нас. Долго и замислено нѐ гледа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе